На ден 21.03.2017 година, во ООУ„ Единство“, Октиси се одбележа Денот на екологијата и Денот на пролетта.Учениците, наставниците, вработените од ООУ,,Единство", Октиси сериозно ги сфаќаат еколошките проблеми
... Read more »
Среќна Нова 2016 година! Да ја испратиме старата година и со надеж да ја дочекаме новата 2016 година. Старата година ќе ја паметиме по многу успеси, активности награди. Работевме вредно и благодарни на се` што постигнавме. Новата 2016 година нека биде посреќна и поуспешна!
Нашите посетители се многу талентирани за пишување. Прочитајте ја творбата на Рангелова Лина. Пишувајте и вие за есента и испраќајте ги вашите творби. Со задоволство ќе ги објавиме.
Пристигна есента во мојот крај и како најдобар сликар ја обои природата. Наслика прекрасен пејзаж со црвена, портокалова, кафеава и златно-жолта боја.Лисјата паѓаат од дрвјата, ветрот ги носи, а тие танцуваат низ воздухот. Шушкаат под нашите нашите нозе, се ронат и прават прекрасен килим низ кој минуваат безброј патници.
Небото е тмурно и сиво, а јата птици црцорат тажно и итаат кон топлиот југ. Паѓаат дождовни капки и како кристали се тркалаат низ чадорчињата. З
... Read more »
Ние не можеме без нов предизвик. Во рамките на Неделата на кодирање,10-18.2015 г. CodeWeekEU се соочуваме со можноста да научиме нешто ново-да кодираме!
Идејата произлезе од самите ученици, од прашањето: Како да се совладаат некои содржини по јазик и литература што не се толку „атрактивни“?
Од 16 до 22 октомври, Октиси, Македонија ќе се обидеме да кодираме, да се забавуваме и да го најдеме вистинското место на кодирањето на нашите часови.
Помина уште една учебна година. Програмата ја реализиравме, вредно работевме, учествувавме на натпревари (училишни, државни, меѓународни), добивавме награди (на што сме посебно горди). Тестови, писмени, домашни задачи, проектни активности... екстерно проверување.
Не учевме цело време, бевме и на екскурзија!
Горди сме на нашите драмски актери кои својот талент го покажаа натпреварувајќи се меѓу себе.
Во чест на нашите просветители, Кирил и Методиј, денес(22.05.2015 г.) се одржа приредба. Драмските актери, хорот и оркестарот се претставија со своите изведби. Наши гости беа наставници и ученици од с. Делогожда, нашето партнер училиште во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција. Денот беше исполнет со голем број активности од екологијата, спортот, географијата и историјата. Успешниот ден беше заокружен со нашата приредба.
Следат слики од приредбата( сликани со мобилен телефон, м.з.)
Хорот и оркестарот под раководство на наставникот Климе Матоски
Вредно се подготвувавме и конечно го реализиравме нашиот натпревар. Седмоодделенците повторно изненадија со својата креативност, талент, подготвеност да се докажат и во драмскиот предизвик. На натпреварот учествуваа четири групи.
Прва група: Амела, Аделина, Киметка, Мухамед
Втора група: Мунира, Едина, Самија, Селма, Мухамиде