Tuesday, 2024-03-19, 7:44 AM
Welcome Guest | RSS

Роземак

Деветто одделение

Ова е страница за нашите осмоодделенци/8 (деветто одделение)! Поголеми, попаметни, помирни и подготвени да се соочат со последната година од нивното образование.
  
Андријана, Евзе, Расим, Јасмин и Џенета од 8-б одд.
 
На овој линк може да го најдете и спуштите, во електронска форма, учебникот за осмо одделение
 
 
На овој линк ќе ја најдете програмата по која ќе работиме на часовите:
 
Што работевме до сега?
1.Историја на македонскиот јазик
-Македонскиот јазик во 20 век
Го испочитувавме ликот и делото на Крсте Петков Мисирков(,,За македонцките работи").
               
 
Пред вас ја иматеЗЛАТНАТА КНИГА НА МАКЕДОНИЗМОТ.
Отворете ја и насладувајте се на мудрите зборови на Мисирков!
   
 
Во декември месец се претставивме со проектната активност за животот и делото на Крсте Петков Мисирков.
Видеото  може да го погледнете  ТУКА 
 
2.Го разработивме прашањето за развојот на македонскиот јазик меѓу двете светски војни
Васил Иљоски, автор на ,,Бегалка"
  
 
Антон Панов, автор на ,,Печалбари"


         

Ристо Крле, автор на ,,Парите се отепувачка"


Кочо Рацин, автор на ,,Бели Мугри"

Коле Неделковски, автор на ,,Пеш по светот"
3.Научивме што е кодификација и ги издвоивме најважните датуми за озаконувањето на македонскиот јазик.
2 август 1944 година- македонскиот јазик како службен јазик во Македонија;
5 јуни 1945 година- усвојување на азбуката;
7 јуни 1945 година- озаконување на Правописот;
4.Знаењата за поема ги стекнавме преку „Сердарот"-Г.Прличев, „Вардар"-А.Поповски,а ги заокруживме со „Ракување"од Блаже Конески.
Прочитавме моќни стихови за херојство, гордост, непокорност... Ги има низ нашите страници и Прличев и Конески. Пребарувајте на следниве линкови:Прличев и Конески
   
 
5.Со глаголските форми немавме никаков проблем. Анис Тајроски како од пушка објасни која е разликата помеѓу минато определено и минато неопределено време.
  
 
 
6.Паралелна,вкрстена и обгрлена рима научивме преку многу песни од нашите познати поети.
Со добра рима нема зима! Прочитајте ТУКА
 
7.Глаголските конструкции не беа баш најлесни, но некако се изборивме преку презентацијата и изработката на табелата со дадена задача. Нема ништо толку лесно!! Погледнете ТУКА

8.Со секој прочитан стих од „Тешкото"- Б.Конески, го почувствувавме звукот на зурлата и силниот грмеж на тапанот.
Вредно работевме. Прочитајте  ТУКА
 
9.И стилските фигури преку песни ги усвојуваме, а „црниот" и „црвен" конец се нишка од најубави стихови преточени преку перото на Блаже Конески.Тука е нашиот предизвик за второто полугодие!!
 
10.На крајот од првото полугодие го организиравме нашиот полугодишен натпревар.
Кој учи, ќе знае!
Тоа го покажаа:Викторија Станкоска, Селма Рамадани, Емилија Куциноска, Семина Бизатоска и Оливер Дишлиевски.
Продолжете со успех понатаму!!
11.Со помош на Веновиот дијаграм направивме споредба меѓу расказ и роман
 
               
12.За причинските реченици направивме кратка презентација
        Кликнете на сликата :)
 
               
13.Ги совладуваме и содржините за роман. За извадокот од романот „Снеговите на Климентина Евин"(толку дискутиран во последно време) направивме мапа.
              
 
Section categories
Најново! [10]
Погледнете ги нашите најнови активности!
Log In
Search
Calendar
«  March 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Statistics

Онлајн: 1
Гости: 1
Корисници: 0