













Како родителот подобро да го разбере детето-тинејџер?
Несогласувањето може да се избегне! Повторување на наредбите, прашања без одговори... Родителите понекогаш тешко комуницираат со своите деца.
Комуникацијата помеѓу родителите и децата сигурно е најтешка за време на пубертетот. ,,Колку се децата постари, толку се поголеми проблемите во комуникацијата.", ( психијатар Дени Донован). Бидејќи тинејџерите чувствуваат поголема слобода за реагирање отколку кога биле деца, кога ќе се налутат лупаат со вратата или со денови молчат сакајќи да им покажат на родителите дека не се согласуваат со нив. Еве пет златни правила до кои треба да се придржуваме за да се избегнат несогласувањата, за подобро да се комуницира и со самото тоа и подобри односот помеѓу родителите и децата.
1. Покажете одлучност. Кога родителот ,на пример ,ќе каже: ,,Колку пати ти реков да ја намалиш музиката?", тинејџерите помислуваат ,,3, 4, 5 пати" и продолжуваат да слушаат гласна музика! Како и сите деца, прашањето го сфаќаат,, буквално", а таквото прашање им звучи како признавање на неефикасноста на родителските зборови.
Како треба да се постапува:изразете се на убав начин: ,,Те молам,намали ја музиката!" – а не во форма на прашање.
2. Извршување на дадената наредба веднаш. Повторувањето на истата наредба повеќе пати не води никаде. Таквото однесување единствено може да го убеди детето дека е неспособно да слуша бидејќи мора да му се повтори повеќе пати. Додека не помине извесен праг на толеранција,детето не слуша сметајќи дека родителот е сериозен само кога ги повторува барањата.А тоа е сигурно лоша навика!
Како да се постапува: барајте наредбата веднаш да биде извршена! Ако е во прашање домашната ,кажете на пример:,,Ќе излезеш штом ќе ја напишеш домашната!" И не заборавете секогаш да го пофалите кога ќе направи мал напор за да одговори на вашите барања.
3. Привлечете го неговото внимание. Да се бара од тинејџер задлабочен во видео игра да ја уреди својата соба е навистина бесмислено.Дури и да ве погледне и потврдно одговори,тоа е моментален рефлекс!И возрасните исто реагираат кога се задлабочени во некоја работа.Затоа,кога детето ќе ви рече дека не се сеќава што сте му рекле,верувајте му,не лаже!
Како да се постапува:привлечете го неговото внимание благо удирајќи го по рамото.Физичкиот контакт,пропратен со зборови, го овозможува неговото внимание!
4.Не влегувајте во оган!Да претпоставиме дека сте му дозволиле на детето да излезе надвор и да остане до подоцна.Детето тоа не го почитувало:за да го казнат родителите му забрануваат да излегува!Меѓутоа,бидејќи родителот е бесен,детето се насочува кон неговиот бес,се бунтува,па му вели на родителот: "Ти си лош!" Тоа се претвора во кавга од која нема победник.
Како треба да се постапува:да не се реагира веднаш,да се почека малку и да се одложи разговорот за следниот ден.
5. Давајте добар пример. Родителите бараат од своите деца да ги почитуваат постарите и на пример: да станат во автобус на постарите ,а тие тоа не го прават.Зарем треба да не` чуди ако и децата истото го прават? На тинејџерите постапките им се поважни од зборовите.
Како треба да се постапува:давајте им добар пример на децата ,што е почесто,тоа подобро!
Драги родители!Ние со нашето однесување треба да бидеме пример за нашите деца.Еве, еден корисен линк,кој треба секој родител ,наставник да го отвора и препрочитува!
На следнава веб- страна ќе најдете многу корисни информации.Пребарувајте!!
Кликнете»Заедно за училишта без насилство
Прекрасна поучна приказна што ни ја испрати Мелиха Лутишоска.Прочитајте ја во продолжение!!Нејзиниот татко бил готвач по занимање. Ја зел со себе во кујната, зел три лонци, ги наполнил со вода и ги ставил на шпоретот. За кратко време водата во лонците почнала да врие. Во првиот лонец ставил морков, во вториот јајце и во третиот неколку зрна кафе. Ги оставил така да се варат некое време, а потоа ги извадил од водата и ги ставил на маса морковот, јајцето и зрната кафе. Ја погледнал ќерката и ја прашал што гледа.
- Гледам морков, јајце и зрна кафе – одговорила таа.
Побарал од нејзе да го допре морковот и таа го допрела, па почувствувала колку е мек и ронлив. Побарал да го разгледа јајцето и таа го зела во рацете, го излупила и видела како внатре јајцето е тврдо варено. И рекол да ги допре зрната кафе и таа ги зела во рацете, видела дека се тврди, ги помирисала и се насмевнала од пријатната миризба.
-Но, што значи ова? – го прашала девојката својот татко.
- Еххх, ќерко драга... тоа значи дека морковот, јајцето и зрната кафе поминаа низ една иста ситуација, борејќи се со еден ист непријател – водата што врие, но секој од нив, на различен начин му се спротивставува на непријателот.
Морковот беше тврд и силен, но многу брзо ослабе и омекна во водата што врие. Јајцето беше заштитено со лушпата, но не за долго. Во врелата вода од течна се претвори во тврда состојба. Додека кафето пак, сосема е поинакво. Зрната останаа сосема исти како и на почетокот, но таа успеа да ја промени водата што врие! А Ти?
- Дали си морков, наизглед цврста, силна, но штом наидеш на проблеми и потешкотии во животот, слабееш, ја губиш силата?
- Или си јајце можеби, со меко срце кое кога наидува на проблеми, станува тврдо? Твојата надворешност не се менува, но се менува твојата внатрешност така што срцето ти станува тврдо, горко и ровко?
- Или пак можеби си кафе, кое при извор на болки, ја менува водата што врие, ја прави повкусна и и` дава пријатна арома?
Размисли ќерко моја, како ќе се соочуваш со животните проблеми и тешкотиите на овој свет, како морковот, јајцето или зрната кафе?