На ден 21.03.2017 година, во ООУ„ Единство“, Октиси се одбележа Денот на екологијата и Денот на пролетта.Учениците, наставниците, вработените од ООУ,,Единство", Октиси сериозно ги сфаќаат еколошките проблеми
... Read more »
Со најубави желби ви ја честитаме Новата 2017 година и ви посакуваме многу среќа, радост, љубов и успех на секое поле. Во целиот свет нека царува мир и слобода, нека нема гладни, боси и сиромашни деца.
Нашите честитки се изработени со љубов и носат пораки произлезени од искрените детски души.
Со задоволство ја прифатив идејата на учениците за празникот 8 Март на мајките да им приредиме изненадување. Сè беше организирано во најголема тајност. Напишавме песни за мајката, ги напишавме на убавите рачно изработени честитки, подготвивме интересна драматизација за мајката и двете мрзливи ќерки, малку свиревме и многу ги гушкавме нашите мајки.
Изразувам голема благодарност на сите мајки кои без исклучок дојдоа на ова дружење. Ова е доказ дека соработката со родителите е клучна за правилно насочување на децата.
Фестивалскиот одбор на „Ракатки“ нѐ извести дека од вкупниот број пријавени ученици од основните училишта во земјава, на конкурсот објавен на 12 септември, комисијата составена од писатели за деца ги избра најдобрите автори:
Прво место
Ремзије Калчиноска-8 одд. ООУ„Единство“, Октиси, Струга
Менторка: Роза Китрозоска
Роземак ѝ честита на ученичката Ремзија Калчиноска.
Среќна Нова 2016 година! Да ја испратиме старата година и со надеж да ја дочекаме новата 2016 година. Старата година ќе ја паметиме по многу успеси, активности награди. Работевме вредно и благодарни на се` што постигнавме. Новата 2016 година нека биде посреќна и поуспешна!
Прогласувањето на победниците на натпреварот за најиновативни наставници од Македонија во рамки на регионалниот ЦИЕ MIXathon предизвик за 2015-2016 година се одржа на големиот настан “Edu Day” организиран од Мајкрософт Македонија, на 22 декември 2015 година (вторник) во Хотел Континентал во Скопје