Роземак - OД НАСТАВНАТА ПРОГРАМА ЗА 7(СЕДМО)
Saturday, 2014-08-30, 8:11 PM
Welcome Guest | RSS

Роземак

OД НАСТАВНАТА ПРОГРАМА ЗА 7(СЕДМО)

Од часот  за прости глаголски форми и сегашно време.
       

 
Во пресрет на обработката на лектирата „Калеш Анѓа"-С.Попов,ви овозможувам да ја прочитате и во електронска форма.
Кликнете  ТУКА
                                                 
                   

                                           Говор
Сигурно сте имале можност да слушнете обраќање по повод некоја свеченост,манифестација,прослава.Можеби некогаш сте се обиделе да се обратите некому и некаде и да се искажете обраќајќи се.
  Обраќањето по повод празник,свеченост,манифестација,конференција се вика говор.
Многу е важно да се истакне дека начинот на обраќање на говорителот пред присутните треба да биде со почит,зборовите одбрани,на едноставен,лесно разбирлив јазик,но со возвишен тон и убав стил при говорењето.

Со учениците се обидовме на напишеме говор и да се обратиме пред присутните.Еден дел пишуваа и говореа за спортска манифестација,а другите за музичка манифестација.Навистина беше интересно.Некои се срамеа,некои брзаа,некои храбро се соочија со предизвикот.

 Што напишаа-прочитајте!

 По повод одржувањето на музичкиот фестивал ,,Капки",ја користам оваа можност да ви се заблагодарам на вашето присуство.Вашиот број, покажува колку е значаен овој Фестивал за Македонската музичка сцена.
Фестивалот е организиран се` со цел да се оддаде почит на нашата музичка легенда,Тоше Проески,кој остави неизбришлива трага во нашето музичко постоење.Присуството на најмладата публика е знак дека оваа манифестација ќе опстојува и понатака и дека од неа ќе се изродат и изградат нови музички амбасадори на нашата култура низ светот.
 Ви благодарам на вашето присуство и музиката нека победи!
                                              Андријана Дузлеска VII одделение
                       
Драги гости!Дојде долгоочекуваниот ден!Музичкиот идол повторно освојува низ Македонија.
Ви се обраќам со желба за прекрасни моменти поминати со нас на ова музичко патување.Бидете со нас, да го избереме новиот музички идол.Ви благодарам што дојдовте во ,навистина, голем број и спремни да ни дадете поддршка до крајот на ова шоу.Aјде заедно да го пронајдеме и претставиме новиот идол,кој ќе добие стипендија за понатамошно образование во странство на престижна академија,се` со цел да ја промовира нашата Македонија и да докаже какви таленти живеат и создаваат во Македонија.
Уживајте!!
                                             Албена Селимоска VII одделение



 Со учениците од седмо одделение усвојуваме содржини од Синтакса.Синтаксата е дел од науката за јазикот што ја проучува реченицата.Реченицата е основна јазична единица со која општиме.
Основни членови на реченицата се прирокот и подметот.Простата реченица има само еден прирок.Сложената реченица содржи најмалку два прирока.

Вики со насмевка на убавото лице отиде на доделувањето на наградите.(проста реченица)
Вики се смее и плаче.(сложена реченица)

За овие содржини посетете го нашиот блог.
Кликнете»


Во месец февруари ќе  ја обработуваме ,,Марта"-Горјан Петревски

   Ученици! Дали ја читате ,,Марта"?

Краток извадок од делото:

- 'Филмот' има и продолжение, Марта - рече мајката. Можеби втор дел...
- ... во режија на животот, мамо?!



А ете, од вчера, како да се разнежи, како да се врати повторно кон оние години што толку ветуваа среќа, а сепак - не ја донесоа.


Не знам, навистина, ништо веќе не знам... Но, знам дека претешки беа овие солзи. И мораа да се растркалаат. Дали и кај мене не е прекршен некаков ред? Што се случува? Збогум Марта! Сега и јас сум сам на светов. А не знам зошто, секогаш се правам дека сум весел и среќен?! Марта ми беше она што најмногу го сакав, нешто што не може да се искаже, туку само се чувствува, толку нејасно, а толку силно. Сега и неа ја немам.


... Она што јас не научив. Да се радувам. Не знам што ќе се случи со мене. Не се чувствувам среќна. Никогаш не сум била среќна..


 Горјан Петревски -,, Марта"

 Анализирајќи го ликот на Марта,учениците направија интересни илустрации!
                         
                             



   Баладата и романсата се лирско-епски песни.Учениците од седмо одделение успешно ги совладуваат овие содржини.За сите љубопитници, еве,нешто за овие песни.Прочитајте !Кликнете на Смешко!

                                                        

                                         
 Споредба на баладата,,Заљубиле се две луди млади" со романсата,,Стојан и Лилјана"
    Македонската народна литература е бела нива посеана со црно семе,ковчег преполн со разни видови песни,приказни,поговорки,гатанки...Во тој драгоцен ковчег ,во таа македонска ризница значајно место имаат баладата и  романсата.Баладата е полна со чувства што се предизвикани од судирот на спротивности меѓу доброто и злото,љубовта наспроти омразата,а трагиката е најприсутен елемент.Романсата не носи низ многубројни пресврти во дејството,неочекувани решенија,љубота е централна тема што завршува среќно за главните актери.Љубовта боли,љубовта е лек!Оваа мисла е доминантна во овие лирско-епски песни. Во баладата,,Заљубиле се две луди млади",младите страдаат од љубовта што е забранета,а во романсата,,Стојан и Лилјана",Стојан ја обожува,љуби преубавата Лилјана.И во двете песни клучен фактор е мајката-маќеата,во баладата ја спречува љубовта,а во романсата ја поттикнува и потпомага.
   Морбидни слики ја пратат баладата:маќеата купува отров,ги труе заљубените,па и во смртта ги разделува закопувајќи ги на две различни страни.Во романсата мајката му помага на Стојан,кој бара совет од мајката како да ја придобие љубовта на Лилјана:
                                    ,,  -Учи ме,мајко,карај ме,
                                             како да земам Лилјана,
                                             Лилјана мома убава:
                                             Лилјана ситен босилок,
                                             Лилјана розов карамфил,
                                             Лилјана црвен трендафил."
            Настаните се редат еден по друг.Лошата маќеа ги сече лозницата и трендафилот што во прегратка ја остваруваат љубовта на двајцата млади,ги пали ,а потоа закопува во градината,сакајќи да ги избрише сите    траги на таа вечна љубов.Мајката го советува Стојан да посее бела пченица,да направи чешма шарена,да изгради црква голема,па љубовта кон Лилјана ќе се оствари.  Финалето на двете песни низ една градација ,народниот гениј експресивно ни го претставил.Маќеата физички ги уништила младите и нивната љубов,но босилокот останува како симбол на една вечна љубов-љубовта не умира.Стојан ја остварува саканата цел,преправајќи се мртовец,успева да и’ го стопли срцето на гордата и преубава Лилјана.Иако на еден,за нас можеби невообичаен начин,но за тоа време специфичен,ја грабнува Лилјана и сонот му се исполнува. Преку овие песни,народниот пејач сака да ни порача дека љубовта е вечна,таа е свеќа која не догорува.
                                                                                                     Лутишоска Мелиха VII одделение





                            Есенски плодови
                                      Грозје,круши,ореви
                                      и јаболка зрели,
                                      плодородна есен 
                                      на дечиња дели.

                                      Од дуњи и мушмули,
                                      калинки и сливи,
                                      натежнале гранките
                                      во родните ниви.

                                     Од есенски плодови
                                     вкусен сок се прави,
                                     за да бидат децата 
                                     весели и здрави.
                        Подготвил:Арнел Ибушоски VII одд.



    Македонските учебникари
           
                          Прочитајте»http://rozemak-rozemak.blogspot.com/2011/10/blog-post.html

 


Григор Прличев,еден од најзначајните македонски преродбеници 
   Пискотници се слушаат од Галичник до Река.
     Што тешка несреќа ги збра,
     и мажите и жените, та гласи тажна ека
     и навева сал коб и зла?"

                   

      Прочитајте!!!   »           http://rozemak-rozemak.blogspot.com/2011/09/blog-post_22.html         
                   
                                                           



Ох,не` чека многу работа во седмо одделение!                          

                Список на лектири 

                                      7(седмо)одделение
     ,,Бојан"-Г.Поповски;
    ,,Калеш Анѓа"-С.Попов;
    ,,Марта"-Г.Петрески;
   ,,Девојките на Марко"-О.Николова;            
    Дело од најновата продукција по избор                      
     на наставникот и учениците.
                   




                Кочо Рацин

             Денови
   Како на вратот ѓердани
   ниски камења студени...

 Прочитајте!!!     ››     http://rozemak-rozemak.blogspot.com/2011/09/blog-post_11.html   

             Живот и дело,Браќа Миладиновци,славните преродбеници  

 Прочитајте!!!     »      http://rozemak-rozemak.blogspot.com/2011/09/blog-post_12.html



Пребарувај
Календар
«  August 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Онлајн: 0
Гости: 0
Корисници: 0



Тоше Проески засекогаш!!

Темпераментната Дани  :-)


Мапа-бројач