Роземак - Родители-деца-наставници
Thursday, 2016-12-08, 7:06 PM
Welcome Guest | RSS

Роземак

Родители-деца-наставници


                   Драги родители!
 Оваа страница е наменета за вас,за триаголникот родител-дете-наставник што е клучен во воспитувањето на нашите деца.

 


                                                                    ДЕТЕ
                   РОДИТЕЛ     НАСТАВНИК
                             
   Овде ќе добивате информации за нашата соработка со вас,а и самите ќе може да учествувате во нејзиното уредување со ваши предлози,коментари,сугестии.


Преку децата можеме да станеме подобри личности и затоа тие се најдобрите учители кои ни го покажуваат патот на љубовта.

                            
Во учебната 2012/2013 година,сакам почесто да се среќаваме и разменуваме информации,со цел нашите деца правилно да се изградат во вистински личности.
Секоја среда по 10 часот и 30 минути  ве чекам во училиште за сите дилеми,
проблеми кои ги имаме околу нашите деца.Ве очекувам!!
 
                    
Нашите деца се секојдневно на интернет.Тие,понекогаш не се свесни што се` може да ги демне и какви се` опасности постојат на интернет.
                              Родители!
Ние сме клучни во зачувување на безбедноста на нашите деца.Еве еден линк на кој ќе прочитате многу корисни информации во врска со ова прашање:


Кликнете»  Безбедно на интернет              


Нашите активности се поврзани со безбедноста на децата на Интернет.Со учениците учествувавме на Поетски конкурс посветен на оваа тема.Подетално прочитајте на следниов линк »Кликни безбедно


                                           
                                       Драги родители!
Прочитајте го следниот интересен напис за односот родител -дете ,посебно во периодот на пубертетот!Написот е интересен и преземен од една веб страна(Детски свет).Јас ,само, го преведов од српски и се обидов да го прилагодам, со цел полесно разбирање.

                       

                        Како родителот подобро да го разбере детето-тинејџер?


Несогласувањето може да се избегне! Повторување на наредбите, прашања без одговори... Родителите понекогаш тешко комуницираат со своите деца.

Комуникацијата помеѓу родителите и децата  сигурно е најтешка за време на пубертетот. ,,Колку се децата постари, толку се поголеми проблемите во комуникацијата.", ( психијатар Дени Донован). Бидејќи тинејџерите  чувствуваат поголема слобода за реагирање отколку кога биле деца, кога ќе се налутат лупаат со вратата или со денови молчат сакајќи да им покажат на родителите дека не се согласуваат со нив. Еве пет златни правила до кои треба да се придржуваме за да се избегнат несогласувањата, за подобро да се комуницира и со самото тоа и подобри односот помеѓу родителите и децата.  

1.
Покажете одлучност. Кога родителот ,на пример ,ќе каже: ,,Колку пати ти реков да ја намалиш музиката?", тинејџерите помислуваат ,,3, 4, 5 пати" и продолжуваат да слушаат гласна музика! Како и сите деца, прашањето го сфаќаат,, буквално", а таквото прашање им звучи како признавање на неефикасноста на родителските зборови.
Како треба да се постапува:изразете се на убав начин: ,,Те молам,намали ја музиката!" – а не во форма на прашање.
2.
Извршување на дадената наредба веднаш. Повторувањето на истата наредба повеќе пати не води никаде.  Таквото однесување единствено може да го убеди детето дека е неспособно да слуша бидејќи мора да му се повтори повеќе пати.  Додека не помине извесен праг на толеранција,детето не слуша сметајќи дека родителот е сериозен само кога ги повторува барањата.А тоа е сигурно лоша навика! 
Како да се постапува: барајте наредбата веднаш да биде извршена! Ако е во прашање домашната ,кажете на пример:,,Ќе излезеш штом ќе ја напишеш домашната!" И не заборавете секогаш да го пофалите кога ќе направи мал напор за да одговори на вашите барања.
3.
Привлечете го неговото внимание. Да се бара од тинејџер задлабочен во видео игра да ја уреди својата соба е навистина бесмислено.Дури и да ве погледне и потврдно одговори,тоа е моментален рефлекс!И возрасните исто реагираат кога се задлабочени во некоја работа.Затоа,кога детето ќе ви рече дека не се сеќава што сте му рекле,верувајте му,не лаже!
Како да се постапува:привлечете го неговото внимание благо удирајќи го по рамото.Физичкиот контакт,пропратен со зборови, го овозможува неговото внимание! 
4.
Не влегувајте во оган!Да претпоставиме дека сте му дозволиле на детето да излезе надвор и да остане до подоцна.Детето тоа не го почитувало:за да го казнат родителите му забрануваат да излегува!Меѓутоа,бидејќи родителот е бесен,детето се насочува кон неговиот бес,се бунтува,па му вели на родителот: "Ти си лош!" Тоа се претвора во кавга од која нема победник.
Како треба да се постапува:да не се реагира веднаш,да се почека малку и да се одложи разговорот за следниот ден. 
5.
Давајте добар пример.  Родителите бараат од своите деца да ги почитуваат постарите и на пример: да станат во автобус на постарите ,а тие тоа не го прават.Зарем треба да не` чуди ако и децата истото го прават? На тинејџерите постапките им се поважни од зборовите.

Како треба да се постапува:давајте им добар пример на децата ,што е почесто,тоа подобро!

                                                                                 

   Драги родители!Ние со нашето однесување треба да бидеме пример за нашите деца.Еве, еден корисен линк,кој треба секој родител ,наставник да го отвора и препрочитува!

На следнава веб- страна ќе најдете многу корисни информации.Пребарувајте!!

    Кликнете»Заедно за училишта без насилство

Прекрасна поучна приказна што ни ја испрати Мелиха Лутишоска.Прочитајте ја во продолжение!!

           Како ќе ги решиш животните проблеми

Нејзиниот татко бил готвач по занимање. Ја зел со себе во кујната, зел три лонци, ги наполнил со вода и ги ставил на шпоретот. За кратко време водата во лонците почнала да врие. Во првиот лонец ставил морков, во вториот јајце и во третиот неколку зрна кафе. Ги оставил така да се варат некое време, а потоа ги извадил од водата и ги ставил на маса морковот, јајцето и зрната кафе. Ја погледнал ќерката и ја прашал што гледа.
- Гледам морков, јајце и зрна кафе – одговорила таа.
Побарал од нејзе да го допре морковот и таа го допрела, па почувствувала колку е мек и ронлив. Побарал да го разгледа јајцето и таа го зела во рацете, го излупила и видела како внатре јајцето е тврдо варено. И рекол да ги допре зрната кафе и таа ги зела во рацете, видела дека се тврди, ги помирисала и се насмевнала од пријатната миризба.
-Но, што значи ова? – го прашала девојката својот татко.
- Еххх, ќерко драга... тоа значи дека морковот, јајцето и зрната кафе поминаа низ една иста ситуација, борејќи се со еден ист непријател – водата што врие, но секој од нив, на различен начин му се спротивставува на непријателот. 
Морковот беше тврд и силен, но многу брзо ослабе и омекна во водата што врие. Јајцето беше заштитено со лушпата, но не за долго. Во врелата вода од течна се претвори во тврда состојба. Додека кафето пак, сосема е поинакво. Зрната останаа сосема исти како и на почетокот, но таа успеа да ја промени водата што врие! А Ти?
- Дали си морков, наизглед цврста, силна, но штом наидеш на проблеми и потешкотии во животот, слабееш, ја губиш силата?
- Или си јајце можеби, со меко срце кое кога наидува на проблеми, станува тврдо? Твојата надворешност не се менува, но се менува твојата внатрешност така што срцето ти станува тврдо, горко и ровко?
- Или пак можеби си кафе, кое при извор на болки, ја менува водата што врие, ја прави повкусна и и` дава пријатна арома?
Размисли ќерко моја, како ќе се соочуваш со животните проблеми и тешкотиите на овој свет, како морковот, јајцето или зрната кафе?

Децата учат од она со што живеат 
Ако детето живее со критики, учи да осудува. Ако детето живее со насилство, учи да се тепа. Ако детето живее со страв, учи да биде загрижено. Ако детето живее со сожалување, учи да се сожалува. Ако детето живее со потсмев, учи да се срами. Ако детето живее со љубомора, учи што е завист. Ако детето живее со срам, учи да чувствува вина. Ако детето живее со охрабрување, учи самодоверба. Ако детето живее во толеранција, се учи на трпение. Ако детето живее со пофалби, учи да цени. Ако детето живее со прифаќање, се учи на љубов. Ако детето живее со одобрување, учи да се сака. Ако детето живее со признавање, учи дека е добро да имаш цел. Ако детето живее со споделување, учи за великодушност. Ако детето живее со чесност и праведност, учи дека постојат вистината и правдата. Ако детето живее со безбедноста, се учи на верата во себе и на оние околу себе. Ако детето живее со пријателство, учи дека светот е пријатно место за живеење. Ако живеете во мир, вашето дете ќе живее во мир. Со што живее вашето дете?

Категории
Најново! [9]
Погледнете ги нашите најнови активности!
Log In
Пребарувај
Календар
«  December 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Статистика

Онлајн: 1
Гости: 1
Корисници: 0



Тоше Проески-незаборав