Роземак - Отворен ден на екологијата и здравата храна
Thursday, 2016-12-08, 7:06 PM
Welcome Guest | RSS

Роземак

Отворен ден на екологијата и здравата храна

 На ден 21.04.2012 година, во ООУ,,Единство",Октиси се одржа Отворен ден на екологијата и здравата храна.Овие активности се круна на еко активностите на нашето училиште во текот на целата учебна година, а кои се дел од програмата,,Еколошка интеграција во македонскиот образовен систем".

 За настанот извести и порталот Ohrid News.Прочитајте на следниот линк»Отворен ден
 Целиот ден, низ текст, слики и видеа ќе го проследите на оваа страница

                  ВИДЕО ОД ОТВОРЕНИОТ ДЕН!!

                                



                      ДЕЛ ОД СОДРЖИНИТЕ ПРЕКУ СЛИКИ!!


                           

Отворениот ден беше организиран низ неколку штандови на кои учениците,наставниците и родителите  ја покажаа својата умешност за творење.Изработките што беа изложени беа,во најголем дел, од пластика,стара хартија,најлонски кеси,стара украсна хартија,ЦД-а...Се` што можеше да се искористи,а го има насекаде околу нас.

                               

Еко плакатот беше преполн со пораки за чиста и здрава средина,а натпреварите во кошарка,ракомет и др. може да се играат и со реквизити од пластика и најлонски кеси              

                      

                     
За потребите на проектите за штедење енергија беа изработени куќички од дрво,хартија и стиропор.  Наставничките Фатима Шашко,Кристина Зеќироска и Ирена Јанкоска се погрижија да се претстават во најдобро светло(календар,пораки ,а тука е и пирамидата на исхрана).
               
   
 
Вредните ученичиња и наставници од одделенска настава покажаа колку се грижат за чистата и здрава средина.Изработките покажаа дека и од пластични капачиња може да се направи уметничко дело,а ѓерданчињата од макарони убаво ќе стојат на детските вратчиња.                 

 

 Учениците од осмо одделение со нивната наставничка, Маја Мојсоска,по неколку недели истражување ни ги претставија презентациите за Националните паркови и загадено Скопје.                  

 

Низ слики ви ја претставуваме атмосферата во училиштето и дел од гостите.На Отворениот ден,со своето  присуство,не` почести   и претставникот на Бирото за образование и развој,Башким Мислими. Свежи салати ни дојдоа од сендвичарницата,,Кај Чича",со што се потврди дека заработката некогаш и не е на прво место.               

   

 Отворањето на манифестацијата ја удостои нашиот директор,Мустафа Калиќи кој зборуваше за значењето на еколошката едукација.Прекрасна хорска изведба на нашата еко- химна,а учениците беа предводени од наставникот Климе Матоски.Рецитаторите ја пренесоа силната порака за чиста планета,а драмските актери со посебен жар се претставија со пиеската,,Сендвичите и здравата храна"                 

   

Наставничките по македонски јазик,Роза Китрозоска и Маја Мојсоска имаа мултимедијално еко- катче на кое се претставија со своите трудови.Организиран литературен конкурс;Презентации за здрава храна;Здрав готвач;Еко- честитки;Граматиката во служба на екологијата;Мапирање на отпадот во Октиси;Пластиката е убава кога цвета;Еко Единство;Јаболково дрво еко- пораки дели;Еко- корпи за отпадоци;Старите весници цветаат и пораки делат;Квиз за здрава храна со помош на Flash cards;

 Проверете го знаењето со КВИЗОТ

                                          
                                                                          
                                                                              
                     
                                                                                
                                                            

                  
    



                                                   
 Пораките беа пренесени и на англиски,француски и албански јазик(Песни,рецепти ,крстозбор...свежа салата)Валентина Манева,Лена Кукоска,Јулијана Димоски,Ферида Имероска,Едвина Рамаданоска и Блерта Леши беа медијатори на овој штанд.

              



                                                  

                Погледнете уште едно слајд шоу од Отворениот ден


                      
Категории
Најново! [9]
Погледнете ги нашите најнови активности!
Log In
Пребарувај
Календар
«  December 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Статистика

Онлајн: 1
Гости: 1
Корисници: 0



Тоше Проески-незаборав