Friday, 2024-03-29, 1:17 AM
Welcome Guest | RSS

Роземак


8:53 PM
Новата 2018 година ни дојде :-)

                                               

Новата 2018 година ни пристигна. Со среќа, здравје, радост и успеси нека биде исполнет секој ден од годината.

На сите ученици, родители, колеги, пријатели на Роземак им ја честитаме Новата 2018 година!

Честитки и до нашите најуспешни ученици за претходната година.

Дилбера Шерифоска, Хафса Мевмедоска и Фемије Руфатоска беа најдобри меѓу учениците  од шесто одделение.

Есма Рамадани е нашата најдобра ученичка од седмо одделение, а и најуспешен ученик од шесто до деветто одделение. Честитки и успеси на секое поле.

Во деветто одделение најдобри беа Фикрија Лутишоска и Ајше Лутишоска.

Посебно сме горди на нашиот ученик, Бојан Будоски кој го освои второто место на  литературниот фестивал Ракатки, со неговата песна, Мојата Струга.

Прочитајте ја!

Мојата Струга

 

Роден сум со среќна ѕвезда,

гален од допирот на топлиот југ,

Слободата и Мирот полни со љубов,

спијат во лулка еден до друг.

 

Мојот град плови низ езеро сино

Дримот во преграб топло нè крие,

на мостот стихови ѕвонливо се редат

Поетот од нектарот на поезијата пие.

 

Охрид вечен ни е најблизок сосед

Дебар будно во чекор нè следи,

на Јабланица гордо знаме се вее,

секој збор, секој чекор злато вреди.

 

Мојот град, мојата родна Струга,

ме опива, ме инспирира да творам.

Секој збор од една мисла броди,

убава и вечна „Како Струга, нема друга!“

Погледнете ги и нашите честитки што ги изработивме во чест на Новата година.

Views: 1766 | Added by: Розе | Rating: 5.0/1
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Log In ]
Section categories
Најново! [10]
Погледнете ги нашите најнови активности!
Search
Log In
Calendar
«  January 2018  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Statistics

Онлајн: 1
Гости: 1
Корисници: 0