Wednesday, 2024-04-24, 11:42 PM
Welcome Guest | RSS

Роземак


10:21 PM
Ракатки доаѓаме!

 

Фестивалскиот одбор на „Ракатки“ нѐ извести дека од вкупниот број пријавени ученици од основните училишта во земјава, на конкурсот објавен на 12 септември, комисијата составена од писатели за деца ги избра најдобрите  автори:

Прво место
Ремзије Калчиноска-8 одд. ООУ„Единство“, Октиси, Струга
Менторка: Роза Китрозоска

Роземак ѝ честита на ученичката Ремзија Калчиноска.

 

Прочитајте ја наградената песна

Во целиот свет -детето е дете

Има пауни со убави перја.

И гордо шетаат пауните

низ градините.

И таму, некаде,

во градините, во градовите

живее детето.

 

Што го прави детето среќно?

Капка ситна роса?

Грст зборови кротки?

Прегратки најмили топли?

 

Се  мачам и  тагувам:

Зарем не се родители, оние,

кои убиваат невини деца?

Зарем децата не се секаде деца?

 

Имам топло гнездо-дом

светлина и насмевки безброј,

другарки со утешен збор,

а книгата е сопатник мој.

 

Среќна сум, знам

мојата родина во мир и слога

не` прегрнува и чува,

и секогаш ни подава  рака.

 

За секој татко и мајка

од исток до запад,

детето е најголема среќа.

За секој дедо и баба

од север до југ,

детето е сонце светло.

 

Застанувам исправено,

со силен глас порачувам:

Детето има право на среќа!

 

 

Детската насмевка моја,

ја дарувам на сите деца,

црни, жолти и бели,

деца  на целата Планета.

 

Солзите нека не бидат дел

од нивната игра,

а топлиот дом и храна

нека  се вистина права.

 

Среќа е да подариш љубов,

да исплетеш од добрина венец,

човечност од дете до дете

секојдневно да посееш.

 Во целиот свет-детето е дете!

Ах, а пауните?

Гордо,нека шетаат

низ градините.

 

Ученичка: Ремзија Калчиноска  VIII одд.

Менторка: Роза Китрозоска

ООУ„ Единство“, Октиси, Струга

 

Известувањето на следниот ЛИНК

 

Views: 1634 | Added by: Розе | Tags: РОЗЕМАК, Ракатки, 2016 | Rating: 5.0/1
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Log In ]
Section categories
Најново! [10]
Погледнете ги нашите најнови активности!
Search
Log In
Calendar
«  January 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Statistics

Онлајн: 1
Гости: 1
Корисници: 0