OД НАСТАВНАТА ПРОГРАМА ЗА 7(СЕДМО)Во пресрет на обработката на лектирата „Калеш Анѓа"-С.Попов,ви овозможувам да ја прочитате и во електронска форма.
Кликнете ТУКА Говор
Сигурно сте имале можност да слушнете обраќање по повод некоја свеченост,манифестација,прослава.Можеби некогаш сте
се обиделе да се обратите некому и некаде и да се искажете обраќајќи се.
Обраќањето по повод празник,свеченост,манифестација,конференција се вика говор.
Многу е важно да се истакне дека начинот на обраќање на говорителот пред присутните треба да биде со почит,зборовите
одбрани,на едноставен,лесно разбирлив јазик,но со возвишен тон и убав стил при говорењето.
Со учениците се обидовме на напишеме говор и да се обратиме пред присутните.Еден дел пишуваа и говореа за
спортска манифестација,а другите за музичка манифестација.Навистина беше интересно.Некои се срамеа,некои брзаа,
некои храбро се соочија со предизвикот.
Што напишаа-прочитајте!
По повод одржувањето на музичкиот фестивал ,,Капки",ја користам оваа можност да ви се заблагодарам на вашето присуство.
Вашиот број, покажува колку е значаен овој Фестивал за Македонската музичка сцена.
Фестивалот е организиран се` со цел да се оддаде почит на нашата музичка легенда,Тоше Проески,кој остави неизбришлива трага
во нашето музичко постоење.Присуството на најмладата публика е знак дека оваа манифестација ќе опстојува и понатака и
дека од неа ќе се изродат и изградат нови музички амбасадори на нашата култура низ светот.
Ви благодарам на вашето присуство и музиката нека победи!
Андријана Дузлеска VII одделение
Драги гости!Дојде долгоочекуваниот ден!Музичкиот идол повторно освојува низ Македонија.
Ви се обраќам со желба за прекрасни моменти поминати со нас на ова музичко патување.Бидете со нас, да го избереме новиот
музички идол.Ви благодарам што дојдовте во ,навистина, голем број и спремни да ни дадете поддршка до крајот на ова шоу.
Aјде заедно да го пронајдеме и претставиме новиот идол,кој ќе добие стипендија за понатамошно образование во странство
на престижна академија,се` со цел да ја промовира нашата Македонија и да докаже какви таленти живеат и создаваат во Македонија.
Уживајте!!
Албена Селимоска VII одделение
Со учениците од седмо одделение усвојуваме содржини од Синтакса.Синтаксата е дел од науката за јазикот што ја проучува реченицата.Реченицата е основна јазична единица со која општиме.
Основни членови на реченицата се прирокот и подметот.Простата реченица има само еден прирок.Сложената реченица
содржи најмалку два прирока.
Вики со насмевка на убавото лице отиде на доделувањето на наградите.(проста реченица)
Вики се смее и плаче.(сложена реченица)
За овие содржини посетете го нашиот блог.
Во месец февруари ќе ја обработуваме ,,Марта"-Горјан Петревски
Ученици! Дали ја читате ,,Марта"? Краток извадок од делото:
- 'Филмот' има и продолжение, Марта - рече мајката. Можеби втор дел...
- ... во режија на животот, мамо?! А ете, од вчера, како да се разнежи, како да се врати повторно кон оние години што толку ветуваа среќа, а сепак - не ја донесоа. Не знам, навистина, ништо веќе не знам... Но, знам дека претешки беа овие солзи. И мораа да се растркалаат. Дали и кај мене не е прекршен некаков ред? Што се случува? Збогум Марта! Сега и јас сум сам на светов. А не знам зошто, секогаш се правам дека сум весел и среќен?! Марта ми беше она што најмногу го сакав, нешто што не може да се искаже, туку само се чувствува, толку нејасно, а толку силно. Сега и неа ја немам. ... Она што јас не научив. Да се радувам. Не знам што ќе се случи со мене. Не се чувствувам среќна. Никогаш не сум била среќна.. Горјан Петревски -,, Марта" Анализирајќи го ликот на Марта,учениците направија интересни илустрации!
Баладата и романсата се лирско-епски песни.Учениците од седмо одделение успешно ги совладуваат овие содржини.За сите љубопитници, еве,нешто за овие песни.Прочитајте !Кликнете на Смешко!
Споредба на баладата,,Заљубиле се две луди млади" со романсата,,Стојан и Лилјана"
Есенски плодови
Грозје,круши,ореви
и јаболка зрели,
плодородна есен
на дечиња дели.
Од дуњи и мушмули,
калинки и сливи,
натежнале гранките
во родните ниви.
Од есенски плодови
вкусен сок се прави,
за да бидат децата
весели и здрави.
Подготвил:Арнел Ибушоски VII одд.
Македонските учебникари
Григор Прличев,еден од најзначајните македонски преродбеници
„ Пискотници се слушаат од Галичник до Река.
Што тешка несреќа ги збра,
и мажите и жените, та гласи тажна ека
и навева сал коб и зла?"
Ох,не` чека многу работа во седмо одделение!
7(седмо)одделение
,,Бојан"-Г.Поповски;
,,Калеш Анѓа"-С.Попов;
,,Марта"-Г.Петрески;
,,Девојките на Марко"-О.Николова;
Дело од најновата продукција по избор
на наставникот и учениците.
Кочо Рацин
Денови
Како на вратот ѓердани
ниски камења студени...
|
Site menu
Section categories
Search
Calendar
Entries archive
Statistics
Онлајн: 1 Гости: 1 Корисници: 0 Site friends
|