,,Капки“-весник
Како што паѓаат дождовните капки така мислите се редат во преубави ,стихови и реченици.
Талентот на нашите ученици е непресушен. Ние се грижиме и за нашата безбедност на интернет.
Разгледајте ја нашата SWAY презентација на следниот линк. КЛИКНИ БЕЗБЕДНО
Оставете го вашето мислење за следното прашање:Колку нашата средина е чиста и здрава?
Еко песна
Нашиот двор е загаден, Еко акција се спрема секој гледа да е најаден, децата имаат трема секаде отпадоци се фрлаат, не е тест, не е ништо шишиња и конзерви се тркалаат. само сакаме се` да е чисто. Али Ибушоски VII б одделение Убава си татковино
Убава си татковино моја со златна прекриена боја Ти шепотам тивко и милно та љубам бескрајно,силно. Убав е мојот крај вистински небесен рај реки и езера бистри планини и долини чисти. Учениците од VIII а одделение Убава си татковино Убава си татковино моја со твоето знаме од свила во црвено-жолта боја. Ти си ми многу мила! Сонцето на небо светка ѕуница во разни бои силно и шарено блеска. Те носам во прегратки мои! Учениците од VIII б одделение Зима
Снежната кралица поставила бел тепих пред куќите, на ливадите. Изградила сребрени мостови над реките, потоците. Запеала зимска песна низ гранките на дрвјата, до црвените ушиња на малите дечиња.
Радост, детска смеа блика насекаде. Снешкото весело ги надгледува детските лудории низ брегот. Од оџаците на куќите излегува чад и им дава знак на дечињата дека топлата супа и колачињата се подготвени. Внатре, во топлината на семејниот дом, баба плете топол џемпер, а дедо седи покрај прозорецот и го пие топлиот и вкусен планински чај. Тато го чисти снегот пред вратата и потпевнува. Вистински зимски ден!Прекрасен, снежен, весел и интересен ден.
Анета Шајноска VI одделение
Зима Зимата е бела кралица која доаѓа на својата сребрена кочија во нашите краишта. Со своето волшебно стапче ни дарува снегулки, игриви балерини. Зимата ти дава надеж, љубов и те прави многу среќна. Кога ќе дојде зимата, се чувствуваш исполнето, весело, радосно. Бел килим насекаде, стаклени палтенца на дрвјата, продорен звук на ветерот низ црвените детски ушиња.Навистина, зимата е бела волшебничка! Мирела Цаноска 7- в одделение
Првиот снег во мојот крај
Во мојот крај заврна снег. Едно утро ме разбуди силна светлина што доаѓаше низ мојот прозорец. Станав од креветот и погледнав надвор. Снег насекаде, послан како бел
килим. Јас се изненадив , а повеќе се израдував. На патот до училиштето се слушаше голема врева од возбудените ученици. Смеа и врисоци насекаде. Бели топки фрчеа на сите страни. Ох, колку ја сакам зимата! Забавата продолжи и по часовите. Прекрасно чувство. Сите деца беа на снегот. Со другарите отидовме на блискиот брег и се санкавме. Волшебно! Јас сакам оваа магија да трае во текот на целиот зимски распуст.
Садам Усоски
VI одделение
Зима
Зимата е како прекрасна кралица облечена во бел фустан, која во прекрасна сребрена кочија носи снегулки, мраз, студ , но и радост и смеа за децата. Голема е возбудата кај децата, но тажна е песната на врапчињата кои молбено чукаат на секој прозорец барајќи храна за да се прехранат. Во зима секое дете се радува на снегот кој го повикува да се санка, да прави Снешко и да си игра на тој килим, исткаен од сребрено- бели снегулки. Секоја улица и секој дом се облечени во прекрасна бела облека што блеска како сребро, како бисер нанижан од тие прекрасни снегулки. Волшебна е таа зимска слика извајана од бел мермер попрскан со тие малечки бисерчиња-снегулчиња.
Андријана Дузлеска
VII одделение
Прекрасен зимски пејзаж-Октиси
Училишниот парк-слики
Зима На кочија бела насмеана цела во сребрена свила дојде зима мила
Со џемперчиња плетени од бабите ветени на белиот брег со санки на снег
Децата се смеат песнички се пеат Снешко се прави нос- морков да се стави
Селма Бајрамоска VI одделение
Доцна есен
Се разбудив со чудно чувство.Се` како да замрело! Не се слуша песната на птиците, дрвјата тажно ги наведнале главите, натежнале оловни облаци. Излегов надвор, движејќи се полека по калливите улици. Од оџаците се забележува дека печките тивко баботат во домовите, а домашните полека го пијат својот топол чај. Густата магла се вие и провира насекаде. Дури и верверичката се сокрила во својот дом, подготвена за зимата. Вистинско чувство-се приближува зимата!
Анета Шајноска VI одделение
Моето училиште-мој дом
Моето училиште,, Единство" се вика и неговото име блеска како на слика. Во него- дом израснавме и паметни пораснавме. На почетокот се беше како во бајка но сега сите сме како од една мајка Другарството е како во една рака која нема никаква мака Останува како спомен во нас со тоа и нашиот клас. Секогаш весел глас така почнува секој час. Се е како во детски сон секогаш се слуша училиштен ѕвон. Еден до друг седиме и убави оцени редиме. Евзија Мустафоски VII б одделение
Моето училиште-мој дом Почеток. Првата стапка во мојот нов дом. Први септември, 2003 година. Да, точно тогаш, за првпат влегов во мојот нов дом, во местото каде сега ги довршувам моите последни години од основното образование, како дел од тоа семејство. Мислев дека срцето ќе ми скокне од возбуда. Целата треперев и покрај сите објаснувања на мојот татко.Тој ми раскажуваше колку брзо поминува времето таму, колку е волшебно, колку те врзува се` за него. Јас сепак чувствував неспокојство. Неспокојство кое се вика страв. Тој се вгнезди во моето срце и се` уште е тука. На почеток тоа беше страв од новото, а сега страв од разделба. Разделба од моите наставници, нивниот волшебен глас како славеј, од ѕвонот кој одекнува се` до моето срце. Се прашувам како ќе оставам се` зад себе и ќе продолжам понатаму, како ќе се снајдам во новите предизвици. Разделбата ќе биде уште поболна поради другарството со моите веќе како браќа и сестри, соученици. Во нашите срца има секогаш топлина, топлина што не` грее и покрај бурите што надоаѓаа и бесно удираа обидувајќи се да ја разнишаат поврзаноста меѓу нас. Времето минува, а друго допрва доаѓа. Но, никогаш, без разлика на случувањата и настаните нема да заборавам. Нема да ги заборавам спомените, моментите што заедно ги доживеавме, проблемите што заедно ги пребродивме. Училиште мое! Мојата благодарност е голема бидејќи тука стекнав знаење, тука ми поминаа најубавите моменти од детството-спомени за цел живот. Не можам да опишам колку сум среќна што имав можност да бидам дел од ова семејство, од овој дом, тоа се чувства што не се опишуваат со зборови. Зборови кои се обвиени со магијата на срцето. Сеќавањата на првите есенски капки, разиграните жолти листови, на трепетот на ветерот, почетокот на учебната година, но и на првите снежни денови, првите снежни виулици се дел од моите училишни денови. Може ли да се заборават раззеленетите лисја, шарените цветови, распеаните славеи и доаѓањето на топлото сончево лето? Спомените и доживувањата ќе останат длабоко во мене. Мое училиште, остани цврсто како бедем за идните генерации кои доаѓаат по нас! Биди дом на многу деца кои се жедни за знаење! Биди вечно! Златица Мартиноска VIII одделение А,Б,В... букви напишани Пред да започне првиот час
избришани,изживеани слушавме како бисер да се рони
букви изговорени ѕвонче ѕвони на цел глас
со детски нежен глас со убав ведар ѕвон
така почна нашиот со тивок нежен тон.
прв училишен час.
Во училишниот дом израснавме Остануваме патници
во клупа мирни низ времето вечно
еден до друг седевме продолжуваме храбро
растевме низ училишните ходници кон нашите мечти-среќно.
и никако не добивавме единици.
Имероска Сабина VIII одд.
Моето училиште-мој дом
Моето училиште се вика,,Единство".Тоа е мојот дом,таму е моето второ семејство.
Секој ден е нов предизвик,ново искуство.Научив да читам,пишувам и бројам.Научив да помагам,
верувам,се дружам.Научив за околината што не опкружува,за доброто,вредното,убавото.
Стекнав знаења кои се потрбни за целиот живот.Станав добар човек.За мене,секој нов
училиштен ден е нова радост,отворен пат по кој чекорам гордо кон нешто неоткриено.
Мелиха Лутишоска VII одд.
Летен ден Тој ден долго го очекував.Со возбуда се подготвував за натпреварот со децата од соседната улица.Цела ноќ не можев да заспијам и постојано погледнував на часовникот.Времето никако не поминуваше. Ме разбуди некое чудно тропкање.Со внимание погледнав кон прозорецот.Ситни дождовни капки полека се слеваа по него.Разочарано скокнав од креветот мислејќи на натпреварот.
Силен тресок ме исплаши.Започна да светка и силно да врне. Невреме!Изгледаше како небото и земјата да се споиле во една силна и цврста прегратка.По улицата пред мојата куќа течеше вода како река.На моето разочарување му немаше крај.Патиките спремни за игра останаа во моите раце.Мислев дека дождот,никогаш нема да престана.Како што започна,така се смири.Дождот престана,а облаците се разотидоа отворајќи му го патот на сонцето. Прекрасен летен ден!Само вирчињата на игралиштето сведочеа за неодамнешното невреме. Возбуда и врева-детски џагор.Натпреварот започна со вистински борбен дух од двете страни.Разиграни и растрчани детски нозе, храбро газеа по вирчињата и силно се бореа за својот тим.Играта беше возбудлива и неизвесна до крај.По долга и јуначка игра,победата е извојувана.Среќна и уморна се вратив во мојот дом мислејќи на овој летен необичен ден. Симона Бадалоска
VII б одделение
Малку забава
МАКЕДОНСКИ ПРЕРОДБЕНИЦИ Димитар и Константин По својот квалитет и историско значење на прво место стои Зборникот на браќата Миладиновци, издаден во Загреб 1861 година. Поголемиот дел од песните биле собрани од Димитар Миладинов и тоа од Македонија , а мал дел од Бугарија. Кога Константин студирал во Москва, се обидел да најде издавач за Зборникот, но безуспешно. Вo пресрет му излегол Јосип Јурај Штросмаер, кој му помогнал во издавањето на Зборникот. Зборникот содржи едно обраќање на Константин, народни песни(над 660 песни) со најразлична тематика, список на имиња и други народни умотворби.
Куќата на Миладиновци
Подготвил:Ахмет Цаноски VII а одделение Константин Миладинов Браќата Миладиновци оставија траен белег во нашата литература и историја. |
Site menu
Section categories
Search
Calendar
Entries archive
Statistics
Онлајн: 1 Гости: 1 Корисници: 0 Site friends
|