Шесто одделение Овде ќе се објавуваат корисни информации поврзани со наставната програма за 6(шесто)одделение
ЛЕКТИРИ ЗА 6(ШЕСТО) одделение
1.„Оливер Твист"-Чарлс Дикенс;
2.„Големи и мали"-Бошко Смаќоски;
3.„Втората смена"-Велко Неделковски;
4.„Улавите години"-Бранко Ќопиќ;
5.Песни од домашни и странски автори -избор;
6.Дело од поновата продукција по избор на наставникот и учениците.
Забелешка:Овие лектири со новата програма за деветгодишно образование се обработуваат во 7/9.
Со учениците од 6(шесто)одделение беа снимени кратки драматизации по наставната содржина:Разговор-културна комуникација.Видеото е снимено во учебната 2011/2012 година.
Погледнете го интересното видео на следниов линк>> РАЗГОВОР
,,Улавите години" од Бранко Ќопиќ,откри нови ученички згоди и незгоди од едно минато време.Учениците се идентификуваа со некои од јунаците и ги илустрираа.
Изработка на филмски играчки
Обработка на лектирата,,Оливер Твист"-Чарлс Дикенс
Анализа и опис на ликот Оливер-работа во групи и илустрација на ликот по сопствена замисла
Анимиран филм
Примена на еко-стандардот:Убав и чист двор Примена на еко-стандардот,Штедење вода на час по македонски јазик:Визуелни и аудитивни елементи при творење лирска песна
Штеди вода
Кап,кап,кап! Во зелениот парк Водата е живот
Се слуша чуден глас. тревка поздрав праќа здравје и сила.
Чешмата во дворот, водата е важна Чувајте ја деца,
моли за спас. кон природата се враќа вечно да е мила.
Амина Касапоска VI одделение
Самогласно Р
Слогот се добива со комбинирање на самогласките и согласките.Носител на слогот е самогласката.Самогласки во македонскиот литературен јазик се:а,е и ,о у.како носител на слог се јавува и согласката Р,па затоа се нарекува самогласно Р.Самогласното Р го среќаваме во овие случаи:
1.Меѓу две согласки во зборот:прстен,дрво,прст,срце;
2.Во почеток на зборот:’рѓа,’рбет,’ржи,’рж,’рскавица;
3.Пред слог што завршува на согласка:за’ржи,за’рти,за’рска.
Еве една интересна вежба,проверете го своето знаење!
Црешовото топче
Го изделкале од црешово дрво комити во густа корија
и го определиле да биде гласник на македонската историја.
Со железни обрачи го опашале
да грми,земја да тресе;
да рикне низ црната мака,
рајата што ја исплака.
Започнал Илинден со крв и метеж,
пламнале земја и небо,
гинел за слобода мачник што вкусил
горчина лута на лебот.
Јачело моќното грло на топчето,сеело страв и несонија;
тоа ја разнесло ширум вистината
со гласот на Македонија.
Трајан Петровски
Одговори!
1. Во кои зборови од песнава Р игра улога на самогласка?
2.Во кои зборови од песнава Р е согласка?
Учениците од шесто одделение работат на подготовка за изработка плакат:
Марко Крале во народните песни
Моето училиште
Моето училиште
е домот мој
во него израснав
со дечиња голем број
Мојата учителка
ме научи знај
песни,сказни
ги има бескрај.
Мојата желба
нека се знае
училиштето сакам
градина да е.
Селма Бајрамоска VI a одделение
НАШИНСКА
Да ни е да сме доста колку да се разбистри небото над Бистрине, Корабине – Да ни е да сме доволно колку за да се довардиме покрај Вардарине и Струмине – Да ни е да сме мерата колку да се прелееме од колено во колено до кај истрајвекот – Малцичка сме ли ете па што малцичка божем а веќе со векови по стопати по севезден нè пребројуваат Но ние сме како што сте како што се И покрај сè и покрај сè колку сме толку сме токму сме! Гане Тодоровски
ДОЈДИ ВО ОХРИД
|
Site menu
Section categories
Search
Calendar
Entries archive
Statistics
Онлајн: 1 Гости: 1 Корисници: 0 Site friends
|