Во чест на нашите просветители, Кирил и Методиј, денес(22.05.2015 г.) се одржа приредба. Драмските актери, хорот и оркестарот се претставија со своите изведби. Наши гости беа наставници и ученици од с. Делогожда, нашето партнер училиште во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција. Денот беше исполнет со голем број активности од екологијата, спортот, географијата и историјата. Успешниот ден беше заокружен со нашата приредба.
Следат слики од приредбата( сликани со мобилен телефон, м.з.)
Хорот и оркестарот под раководство на наставникот Климе Матоски
Директорот Алил Рочи со директорот на партнер училиштето
Наставничката Роза со дел од наградените ученици
Извонредните актери во драматизацијата „Бардачиња“
Драмска игра „ Лошите снаи“
Убаво е да се види, ама уште поубаво да се доживее возбудата на учениците по успешно завршената приредба. Ви благодариме, драги ученици! Честит празник!!
|