Вредно се подготвувавме и конечно го реализиравме нашиот натпревар. Седмоодделенците повторно изненадија со својата креативност, талент, подготвеност да се докажат и во драмскиот предизвик. На натпреварот учествуваа четири групи.
Прва група: Амела, Аделина, Киметка, Мухамед
Втора група: Мунира, Едина, Самија, Селма, Мухамиде
Трета група: Натали, Ремзије, Фатима, Тамара, Бошко, Едип
Четврта група: Амзо, Селма, Самија, Мухамиде, Мејта, Максуд
Со едногласна одлука на публиката и жири комисијата, првото место и припадна на третата група со драматизацијата на приказната „Мрзливите ќерки“.
Благодарност до директорот Алил Рочи и наставникот Андре Петкоски кои внимателно следеа и дадоа придонес во конечната одлука.
Најдобрите две групи ќе учествуваат на приредбата по повод Денот на просветителите.
|