На ден 21.03.2017 година, во ООУ„ Единство“, Октиси се одбележа Денот на екологијата и Денот на пролетта.Учениците, наставниците, вработените од ООУ,,Единство", Октиси сериозно ги сфаќаат еколошките проблеми и секојдневно преку низа активности се трудат да придонесат за здрава животна средина и здрав живот.
Оваа година, Денот на екологијата се одвиваше со голем број активности насочени кон уредување на училишниот двор, училиштето и неговата околина.
Акцијата координирана од директорот на училиштето, Алил Рочи опфати неколку значајни сегменти.
Вредните раце на учениците засадија прекрасни рози и разни цвеќиња во училишниот двор и парк. Нашите вработени помогнаа да се засади нова трева во училишниот парк. Омиленото катче на нашите ученици се ревитализираше со фарбање на играчките за рекреација, а нишалките беа подновени и повторно подготвени за најмладите ученици.
Во нашиот парк, сега секој ќе може да се одмори на реновираните клупи, поправени и офарбани.
Во исто време, во училниците течеше акцијата за чистење и средување на клупите, столчињата и училишниот инвентар. Навистина, вредни се рацете на нашите ученици.
|