Долго време немаме објавено ништо на веб-страницата. Тоа не значи дека таа не е во употреба и дека не може да се разгледуваат содржините и објавите. Наставничката Роза Китрозоска, од јануари 2020 година, работи во ООУ„Страшо Пинџур“, Вевчани.
Најголем број содржини активно се објавуваат на нашиот блог со исто име РОЗЕМАК
Оваа година беше исклучително тешка поради актуелната пандемија со Ковид 19. Наставата се одвиваше онлајн со примена на голем број дигитални содржини. Учениците вредно работеа, а наставниците беа креатори на нови активности. Годината е завршена, впечатоците ќе ги сумираме и ќе извлечеме поуки од нашите дигитални искуства.
Со надеж за подобро утре, ве поздравуваме и се гледаме во новата учебна 2021/2022 година.
Доцниме малку со желбите за успешен почеток на учебната година, но за добра мисла никогаш не е доцна. Еве, ви посакуваме есенско добредојде! Нека годината ви биде поуспешна, подобра, повесела од претходната. Многу ученички радости и петки во дневниците. Радувајте се и учете! Знаењето е вистинскиот пат кон иднината. Сакајте си го мајчиниот јазик, зборувајте и пишувајте! Роземак е тука секогаш за вас! Ние работиме, нови генерации творат, а оваа страница е нивното место во кое ќе си го најдат најтоплото засолниште. Ви благодариме на довербата!
На ден 21.03.2017 година, во ООУ„ Единство“, Октиси се одбележа Денот на екологијата и Денот на пролетта.Учениците, наставниците, вработените од ООУ,,Единство", Октиси сериозно ги сфаќаат еколошките проблеми
... Read more »
Со најубави желби ви ја честитаме Новата 2017 година и ви посакуваме многу среќа, радост, љубов и успех на секое поле. Во целиот свет нека царува мир и слобода, нека нема гладни, боси и сиромашни деца.
Нашите честитки се изработени со љубов и носат пораки произлезени од искрените детски души.
Со задоволство ја прифатив идејата на учениците за празникот 8 Март на мајките да им приредиме изненадување. Сè беше организирано во најголема тајност. Напишавме песни за мајката, ги напишавме на убавите рачно изработени честитки, подготвивме интересна драматизација за мајката и двете мрзливи ќерки, малку свиревме и многу ги гушкавме нашите мајки.
Изразувам голема благодарност на сите мајки кои без исклучок дојдоа на ова дружење. Ова е доказ дека соработката со родителите е клучна за правилно насочување на децата.
Фестивалскиот одбор на „Ракатки“ нѐ извести дека од вкупниот број пријавени ученици од основните училишта во земјава, на конкурсот објавен на 12 септември, комисијата составена од писатели за деца ги избра најдобрите автори:
Прво место
Ремзије Калчиноска-8 одд. ООУ„Единство“, Октиси, Струга
Менторка: Роза Китрозоска
Роземак ѝ честита на ученичката Ремзија Калчиноска.