Август, 2011 година (1-11) беше започнат проектот Роземак.Навистина интересно искуство!!Многу непроспиени ноќи,радост при секое успешно реализирање на некоја идеја,а и разочарување од неможноста да се оствари некоја замисла.И сега некој ќе помисли дека јас сум некој ,,експерт" за компјутери,интернет...Не!!Се` беше новина за мене!!Со оваа веб-страница за првпат слушнав и научив што е тоа HTML код и како да поставувам видеа и слики.Доцна во ноќите пребарував и се обидував да преведувам од англиски,да пронаоѓам информации и да ја уредувам страницата.Колку пати ќе исчезнеше дизајнот,ќе се деформираше поради некој мој лош обид нешто на вметнам и уредам.Но мојата желба да успеам во она што го работам ме водеше напред.
Од што се водев при изработката на страницата?Од желбата да внесам новини во мојата работа,да бидам креативна,и поблиска до учениците.Интернетот како предизвик за размена на информации ме донесе до Здружението на просветни работници(благодарност на администраторите кои ја создадоа групата,а и сите гранки на Здружението)на ФБ.Таму ги пронајдов Весе и нејзината страна,Соња Даниловска и нејзината веб-страна,Аида,Нела,Лазар и многу други.Секојдневно ги отворам нивните е-катчиња да се нахранам со нивната креативност.Со многу стекнав и пријателства,навистина Интернетот не` води напред!!
Дали успеав??
Се надевам, да!Видео часови,фотографии,анимации,содржини од нашата работа,планови,програми,наставни ливчиња...може да најдете низ нашите странички.Добредојдени сме за секој совет ,насока за подобрување како на изгледот така и на содржината.
Учениците и гостите се присутни на страницата и летово кога немаме училишни активности.
Планови?
Ги има многу,ќе видиме што ќе ни донесе новата учебна година која се приближува.
Сепак главната цел на оваа страница ќе остане!
Промовирање на убавината на МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК!!
Да зборуваш,да пееш,да твориш,да сонуваш на мајчин јазик е најголемото богатство што човек го има!Многу бури поминале,низ многу бури поминуваме,со многу сеништа се соочуваме,ама јазикот не си го забораваме!!
Бидејќи ова е бесплатна веб-страница,нејзината големина е ограничена за поголеми и подолги објави(јазичар си е јазичар),тука е и мојот блог на кој објавувам дополнителни постручни информации поврзани со програмата по македонски јазик за основно образование.Повелете, посетете го блогот со исто име, РОЗЕМАК