Се приближува почетокот на новата учебна 2013/2014 година.Една генерација си замина,а доаѓа нова,жедна за знаење. Драги шестоодделенци! Со задоволство ве чекам заедно да нурнеме во светот на знаењето,да истражуваме и да зборуваме за убавиот и пишан збор, да го негуваме и правилно употребуваме нашиот мајчин јазик,да влеземе во уште една драмска игра,да ги пополнуваме страниците на Роземак. По првпат ќе се дружиме и со седмоодделенците.Подгответе се за многу активности ! Драги осмоодделенци! Од вас барам несебична поддршка на нашите нови другарчиња,а продолжување на сите активности од минатата година кои можеби останаа недовршени. Заедно ќе постигнеме нови успеси! Ќе има и тестови! :-)
На почеток од учебната година, како што е ред,најпрво се запознаваме. Ги нацртавме нашите раце,а во нив напишавме по нешто за себе.Интересни размислувања!Имаше таинствени,дружељубиви, добри фудбалери,по некој лутко,а и некоја немирка.
Ова се нашите другарчиња од шесто а одделение(Амела,Семина,Тамара,Имер,Едип,Бошко и другите лично ќе ги запознаете)
Овие весели лица се на учениците од шесто б одделение(Максуд,Самија,Селма,Наум,Мусо...вредни и подготвени за нови знаења)
|