Friday, 2024-03-29, 1:54 AM
Welcome Guest | RSS

Роземак


7:43 PM
Литературни конкурси
                       
                        Мелиха и Симона  
Февруари-април
Ученичката Мелиха Лутишоска со нејзиниот расказ Шумска приказна е избрана за учество на Детскиот фестивал Ракатки.Свечениот настан ќе се одржи на 20 и 21 април во Прилеп.
Честитки Мелиха!!

Декември-јануари,2012/2013 год.
 Со учениците:Оливер Дишлиевски,Андријана Дузлеска,Викторија Станкоска и Симона Бадалоска учествувавме на литературен конкурс со тема:НАЈУБАВА БОЖИЌНА ПРИКАЗНА.Конкурсот беше организиран од ДАТА ПЕСНОПОЈ -Битола.
Ученичката Симона Бадалоска беше пофалена,а нејзиниот прекрасен расказ беше објавен во книга раскази на истата тема.Многу се гордееме и уште многу успеси!!

ноември,2012 год.
Ученички од осмо одделение пишуваа за Македонија и со поетски творби учествуваа на „Детските Рацинови средби " во Велес.
       
 
30.09.2012 год.
На Литературниот конкурс, по повод Патронатот на училиштето,
наградени беа следниве ученички:Алмина Цаноска,Андријана Дузлеска и Линдита Тајроска.Учесниците на Конкурсот пишуваа на тема:,,Моето Октиси".
 
 
21.04.2012 год.
На Литературниот конкурс по повод Отворениот ден на екологијата и здравата храна наградени беа следниве ученици:
Златица Мартиноска,Албена Селимоска,Мелиха Османоска,Дијана Дишлиевска,Бехуше Салоска,Моника Стефаноска,Селимка Цаноска.


Ученици од седмо одделение учествуваа на литературен конкурс организиран од Петтата приватна гимназија од Струга.
Пишуваа есеј на тема:,,Што би променил во твоето родно место?Објасни подетално!"
Со задоволство објавуваме дека Мелиха Лутишоска го освои третото место,а ученичките Аниса Лутишоска,Симона Бадалоска и Викторија Станкоска беа пофалени.
ЧЕСТИТКИ!!
                       

Учениците од седмо одделение учествуваа на Литературниот натпревар,,Кликни безбедно",организиран
од Сојузот за грижи и воспитување на децата на  Македонија.
На интернет демнат најразлични опасности.Децата треба да се свесни за се што може да ги очекува!Родителите ,наставниците ,целото општество во кое живееме мора да се вложи максимално во едукација на децата.
Иако не добивме награда,творбите  заслужуваат да се објават!
Еве ги нивните интересни творби!

                            

Кликни безбедно-порака

Драги другарчиња,
деца и тинејџери! 
Користете интернет
свесно и со памет!

Бидете информирани,
отворајте внимателно!

,,Кликни безбедно"

 за вас е вредно!

            Мелиха Љутишоска

                         VII б одделение

                 ООУ,,Единство"-Октиси,Струга

                                       

Кликни безбедно

 

Фејсбук стана фора

да се проба мора.

 

Отвори профил

на сите си им мил.

 

Пријатели се редат

на ФБ цел ден дремат.

 

Слики,видеа,чет

коментари,лајкови по ред.

 

Кликни ваму,

кликни таму,

ова  не е шега.

Како да се бега!?

 

Пријателче ново најдов

од возбуда цела зајдов.

 

По профилот тој ми шета

во душата ми влета.

 

Верував во зборови јас

дека го бие добар глас.

 

На средба се согласив

на никого не се доверив.

 

 

Приказнава не е лесна

Интернетот не е песна.

 

 

Опасности те демнат

треба да се избегнат.

 

Слушни ме сега !

Запамети едно:

Кликни безбедно!

 

  Викторија Станкоска

                    VII а одделение

  ООУ,,Единство"-Октиси,Струга

 

 

                     

 

Кликни безбедно

 

На интернет стојам

часови не бројам

играм игрички разни,

а тетратките ми се празни.

 

Со мајка ми водам борба,

да ручам сака чорба.

Со брат ми се карам

на МСН кога ,,шарам".

 

Зависна од клик

пред нов сум предизвик.

Да отворам порака

по нечија препорака.

 

Без мисла кликнав,

од страв викнав

Мониторот без слика

потона во мрак.

 

Пораката чудна била

опасен вирус во себе скрила.

непријател голем тој

го има безброј.

 

Стари и млади,

родители и деца!

Информирајте се!

Разговарајте!

Прашувајте!

Безбедно кликајте!

        

  Аниса Љутишоска

                   VII б одделение

         ООУ,,Единство"-Октиси,Струга

 

                             

Кликни безбедно

 Забава е јака

Интернет е храна

родители на мака

како да не`  бранат.

 

Од утро до мрак

Мони,Меле,Евзе

наместо во парк

на Фејсбук се везден.

 

И баба ми вчера

профил нејзин сака

пријатели ќе бара

мода било така.

 

Профили лажни

со слики од друг

информации важни

се вртат во круг.

 

Никој не е свесен

за опасности разни

сајбер просторот е опасен

без информации важни.

 

Антивирус програма

за заштита знај

приватност поголема

на стравот ќе е крај.

 

Предлог сега давам

во училиштата наши

,,Кликни безбедно"предмет

веднаш да се стави.

 

 Симона Бадалоска

            VII б одделение

   ООУ,,Единство"-Октиси,Струга


Честитки за преубавите песни,продолжуваме со нашите активности!!!

Views: 2593 | Added by: Розе | Tags: Литературен конкурс | Rating: 5.0/1
Total comments: 6
6 Кики  
1 Spam
Честитки за Мелиха и Симона!!Успех!

4 Марија  
1 Spam
мн ме интересира само како државава ги наградува учениците што добиле некаква награда, некои ефтини прибори и потпишани книги, ФАЛА ама не ни требаат, да ти се плукнам во стимулацијата.

5 Розе  
0 Spam
Се согласувам со коментарот!!Навистина,треба поголема сатисфакција за најдобрите и најуспешните!!

3 Розе  
1 Spam
Честитки за учесниците на литературниот конкурс организиран од Петката.Многу успех и понатака!!

2 Beti  
3 Spam
Bravo za ucenicite i nivnata nastavnicka, mnogu ste kreativni:)

1 moni  
1 Spam
Благодарам од срце за преубавите честитки ,секако дека продолжуваме со нашите активности! Поздрав до нашата наставничка! biggrin

Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Log In ]
Section categories
Најново! [10]
Погледнете ги нашите најнови активности!
Search
Log In
Calendar
«  January 2012  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Statistics

Онлајн: 1
Гости: 1
Корисници: 0