Сте прошетале ли покрај Охридското Езеро во есен?Бои, преубави бои се распрскале на сите страни.Денес беше навистина,есенски ден.Подразлутениот ветар ткаеше златен килим на брегот од езерото.Не можеш ,а да не застанеш! Како малечко дете кое во раце ја зема првата играчка и возбудено ја разгледува така и јас воодушевено се вртев на сите страни насладувајќи се на убавината. Остри езерски бранчиња грабаа со своите раце од крајбрежниот песок оставајќи по некое осамено белутраче. .Жолти лисја- балерини изведуваа најтешки пируети, па со невидена леснина паѓаа на есенската сцена.Жолта,зелена,кафеава,сина претопени во октомвриски килим придружуван од есенската музика на Ветерчо. Есенска рапсодија во Струга.
Есен е. Ни доцна, ни рана. Сал што не паднала првата слана. По гранките на дрвјата овошни се уште плодови висат. Едни жолти, други црвени, но сите опојно мирисаат - Леле, ама си жолта! едно јаболко на дуњата и рече - Сигурно си болна, од гранката чинам ќе паднеш до вечер... - Јас болна?! - дуњата навредено врати И потешка и поздрава сум од тебе, барем десетина пати! - Поцрвена од мене гледам ти си... Но бојата не одредува кој колку на дрвото ќе виси! Една крушка, кантарушка, наесен што зрее чу што зборуваат, па почна да се смее... - Во животот - им рече ништо вечно не е. Сал сонцето за сите нас подеднакво грее! Но секое годишно време своја боја си има... Зелената е на пролетта, жолтата е на есента а бело се е, во зима! Бојата пак на летото на ниту една друга слична не е... Речиси не се ни гледа, а сите топло не грее...
Во тој миг оттука три дечиња минаа - Леле - викнаа - колку се зрели! И сите три ги скинаа.
Есенска слика
Седам во топлата соба и гледам низ прозорецот. Еден жолт лист се откинува од високата гранка на веќе опожолтеното дрво. На влажната земја ја гледам неговата сенка како мала точка, која се` повеќе се зголемува, добива срцевидна форма. И во еден момент листот ја покрива сенката и паѓа на мртвата земја. Сенката исчезнува, листот умира. Сивило го препокрива небото. Дождот ја кваси земјата. Се' е мрачно, успиено, усмртено... Но умира само дел од природата. Заспива само дел од неа, но останува оној невидлив сок кој студи во секое гранче, во секоја грутка земја, оној животен сок кој ја чини суштината на есента.
Ја обојува, ја замрачува, ја чини таинствена и величествена. Секогаш подготвена да не` пречека во своите прегратки, секогаш спремна да оддели дел од себе за нашата интима. Ја сакам есента, ја сакам нејзината таинствена атмосфера, ја сакам нејзината натаженост. Толку е прекрасен оној мирис на изгниените лисја, заситен со влага. Се чувствуваш некако посебно. И се' околу тебе те тера да размислуваш. Да ја раскинеш онаа невидлива завеса помеѓу тебе и есента, да навлезеш во неа, да ги дознаеш нејзините тајни.
Песната и текстот ги испрати Мелиха Османоска Дојде есен Дојде есен.Eсенските ветрови почнаa да дуваат на сите страни.Застуде.Дрвјата ги соголија своите гранки.
Паднаа и последните листови:црвени,жолти,златни.Направија шарен килим распослан по нивјето и ливадите.Во жолтото поле се слуша брмчењето на тракторите и песната на сејачот.А никаде ја нема песната и црцорот на птиците.Тие веќе одамна ги напуштија своите гнезда и заминаа во топлите краишта.Дојде есен со сите нејзини бои и убавини. Лична творба на Мелиха Лутишоска
Есен,златна есен!Дали некогаш сте помислиле дека есента е најубавото годишно време?Јас,да!Прекрасна е есента во нашиот крај.Тие распрскани бои и разлетани лисја низ разиграните гранки на дрвјата ме воодушевуваат. Најбогатото годишно време од годината ги тера луѓето да ги полнат своите домови.
Јаболка ,круши,грозје,костени се собираат во есен.Уф,печени костени!Колку ги јадам вo зима!
Есента знае и да се подналути.Небото се мурти и силен дожд удира на сите страни.Ветерот со својата труба ја свири најубавата есенска песна.Лист по лист, секој ден се прави жолто море на земјата.Есенската слика ја наподополнуваат децата, кои за ништо не се грижат. Есента е шарен килим исткаен разни бои.
Лична творба на Симона Бадалоска Есенска љубов Лист по лист паѓа, капка по капка роси студи,ветер вее, а есенска љубов грее.
Љубовта е бескрајна секој да ја дава ко облак или сонце со волшебна става. Лична творба на Мирела Цаноска
БОИТЕ НА ЕСЕНТА
Есен
Есен златна дојде плодови се вишат дождот ситно капе, и лисјата сe златат .
Есен златна дојде
ветришта се веат како виулици по патот и златни лисја се сеат.
Есен златна дојде
децата се смеат со чадорче в рака и весело си пеат. Алмина Цаноска
ЕСЕН
Есента веќе блесна, го нема славејот со неговата песна, ветерот вее силно, но гранките како да ги милува милно.
На дрвјата гледам есенски плодови, и по некој жолт лист на есента се тие родови, а за децата, насмев чист.
Капнаа и првите капки, дождот почна да врне, по нивите се гледаат стапки, стадото кон планина ќе мрдне. Линдита Тајроска
ЕсенЕсента дојде и кај нас со својот жолтозлатен стас. Преселните птици веќе ги снема таква е секогаш есенската шема.
Во училиштата почна веселата врева, од понеделник до петок таа се крева. Паѓајќи лисјата жална песна пеат бидејќи гранките без нив ќе се веат. Викторија Станкоска
Во есен Во есен, сонцето послабо грее, ветарот дива песна пее.
Во есен, плодови вкусни зреат, нема цвеќиња и птици кои пеат.
Есента, златен фустан и златна коса има, така е додека дојде сребрената зима. Андријана Дузлеска
|