10:43 PM Сакаме да твориме... |
Љубовта кон пишуваниот збор секојдневно ја негуваме.Пишуваме проза и поезија на секоја тема што ни го чепка срцето.Подаруваме радост, среќа, топла прегратка преточена во убави стихови и зборови.
Нашите трудови ги објавуваме на нашиот ѕиден училиштен весник, а и секако тука, на Роземак.
Неуморни сме, па се пријавуваме на литературни конкурси:училишни, државни, а се обидуваме и на меѓународните. :-)
Кој пишува од душата, ќе ја пренесе и емоцијата на читателот или слушателот.
Емоцијата на нашиот Имер Дервишоски беше наградена на Меѓународниот литературен фестивал „Павле Поповиќ", Нови Сад (7.03.2014 година).
Тој го освои второто место во категоријата за поезија(основно образование).
Честитки и нека се множат успеси!!
Максуд Ибушоски ја освои втората награда на Меѓународниот литературен фестивал „Јоан Флора“ во Нови Сад
Убавиот збор ти ја грее душата и ти го топли срцето.Пишувајте убави зборови!
Фатима Усоска беше наградена со втора награда на Меѓународниот литературен фестивал „Жарко Аќимовиќ“. Честитки!
Тамара Дишлијеска за расказот „Запознав ново другарче“, го освои третото место на Меѓународниот литературен натпревар „Војислав Деспотов“
|
Views: 2010 |
Added by: Розе
| Rating: 5.0/3 |
|