Новата година се приближува!Еве место за вашите пораки за љубов,мир,здравје.
Пишувајте,испраќајте слики,песни...Новата година доаѓа!
Да ни е среќна Новата 2012- та година !Да ја пречекаме со радост, да ја изживееме со љубов, да ја испратиме со успеси !Среќата и здравјето да бидат наша сенка.
Нека бродот на 2012-та те однесе на брегот исполнет со среќа, љубов,здравје...каде што сите желби ќе ти станат стварност.Среќна нова година!
Среќна Нова година!!!На сите ученици,наставници,родители од Октиси и цела Македонија им посакувам здравје,среќа и успех во Новата 2012 година!
Желби од Кристина Китрозоска III а одделение
ОУ,,Живко Чинго"-Велгошти
Новогодишна здравица
Да е здрава како дрен,
да е светла како ден,
да е стројна како бор,
да е топла како збор,
да е цветна како цвет,
да е медна како мед,
да е појна како пој,да е ројна како рој,
да е дрочна како клас,
да е крилна како глас,
да е вирна како вир,
да е родна како мир...
Кој тоа?
Годината што иде-
среќна да ни биде!
Стојан Тарапуза
Амина Касапоска ја пронајде песнава
Охридскиот плоштад пред Нова година
Гостин
Чук,чук,чук,
надвор некој чука.
Чук,чук ,чук,
што ли бара тука?
Тој за сите носи
дарој полна вреќа,
тој радост носи,
тој ви носи среќа.
Ајде деца брзо
отклучете резе
Дедо Мраз дошол,
па сака да влезе.
Чук,чук,чук,
секогаш на полноќ чука
тој многу сака
гостин да е тука.
Глигор Поповски(наш познат автор)
Среќна Нова година на повеќе јазици:
Bonne Annee(француски) S Novim Godom(руски)
Feliz Ano (шпански)
Felice anno nuevo(италијански) Gezuar Vitin e Ri(албански)
Sretna Nova Godina(хрватски)
Yeni Yiliniz Kutlu Olsun(турски) Xin Nian Kuai Le(кинески)
Happy New Year(англиски)
Новата година не е почеток,а не е ниту крај,таа е продолжение во кое влегуваме побогати со многу икуства.(Хал Борланд)
Нова година
Новата година
сега што ни иде, драги другачиња весела да биде.
Бодри да растеме весели и здрави, секаде на земјата мирот да се слави.
Мелиха Лутишоска
Елко,елко
Среде соба високо елката ни стои и ја красат играчки во илјада бои.
Елко, елко порасни уште две-три педи за да може Дедо Мраз дарови да реди.
Тука е играчката вчера што ја сонив многу, многу бонбони многу лампиони.
Елко, елко порасни уште две-три педи за да може Дедо Мраз дарови да реди.
Сите ја знаеме оваа популарна песна.
Дедо Мраз
Часови се бројат
ѕвончињата ѕвонат дин дин дин дин дин Дедо Мраз е фин
Дедо Мраз , Дедо Мраз дојди и кај нас бргу, бргу побргу дојди во овој час хеј
Тој ни носи радост усните се смеат весело ке биде песни ќе се пеат
Дедо Мраз , Дедо Мраз дојди и кај нас бргу, бргу побргу дојди во овој час хеј
Викторија Станкоска ја испрати песнава
Oвој текст го пронајде и испрати Викторија
...Некогаш во минатото постоело некое дете кое останало без родители.Живеело во дом и било толку несреќно.Секоја Нова Година тоа му пишувало писмо на Дедо Мраз.Единствена желба му било за Нова Година да ги види своите родители.Времето поминувало,детето растело....и постојано праќало писма на Дедо Мраз.Се оженил си создал семејство...а неговата желба останала само еден обичен копнеж...
Така,еден ден пред неговата куќа дошол некој старец..така изнемоштен и барал помош.Човекот го примил без никаков проблем.Му помогнал,го нахранил и се грижел за него.Кога дошло време стерецот да си оди,му испаднале некои писма од неговото палто.Човекот ги зел писмата и почнал да ги чита...тие писма биле оние кои тој му ги пишувал кога бил мал.Старецот му раскажал се`.Сите негови писма стигнувале до Дедо Мраз.Само за жал тој не можел да му ја исполни неговата желба,бидејќи неговите родители биле мртви.Па затоа дошол да му докаже дека неговите писма секогаш биле читани.Дури тогаш сфатил дека Дедо Мраз навистина постои.
Дедо Мраз
Ѕунат ѕунат снегулки, сегде покрив бел дење ноќе патувам минам светот цел,
Дедо Мраз , Дедо Мраз иде Дедо Мраз.
Подајте си рачиња оро вито в час, дружно да запееме деца на цел глас .
Дедо Мраз , Дедо Мраз иде Дедо Мраз.
Носам вреќа играчки нежност, љубов, цвет здрави да ми растете деца од цел свет.
Дедо Мраз , Дедо Мраз дојде Дедо Мраз.
Зимска приказна
Беше една тивка ноќ. Погледот често ми бегаше низ прозорецот. Го гледав нежниот килим од бели снегулки. Од време навреме сонцето ѕиркаше од зад облаците, но сепак беше многу ладно. Излеговме да се прошетаме, снегот полека паѓаше, а и дуваше тивко ветре кое си поигруваше со сите оние кои уживаа во доцните зимски часови. Патеката беше замрзната, затоа полека одевме, а јас набљудував. Ги забележав снешковицте кои со радост ги правеле малите деца. Тие најмногу се радуваат на зимата . Се потсетив на деновите кога и јас бев мало девојче. Со другарите од мојата улица уште во раните утрински часови ќе излезевме да се санкаме, правевме снешковци, се мававме со снежни топки. Се прибиравме дома само за јадење, а потоа пак истата песна... Пред да си одиме погледнав во небото, ги немаше ѕвездите, што ги гледав секоја вечер. Но таква е зимата, таков е еден зимски пејзаж што никогаш нема да излезе од моето сеќавање.
Мелиха Лутишоска ни ја испрати оваа зимска приказна
Студ
Овој студ е многу чуден,
камен пука, јас сум буден
штипе, боцка како шило,
ќе те касне каде било,
најчесто по образ, нос,
каде што си гол и бос.
Кога сечко дува, коси
настинка во џебот носи.
Иако сум многу мал,
носам џемпер, волнен шал,
ракавички топли, ете,
што бабичка ми ги сплете.
А и чизми, со нив шетам,
како птица сегде летам.
Скокам, пеам на сет глас,
не се плашам од студ, мраз.
(од ,,Развигор")
Селма Рамадани ни ја испрати песнава
Слушајте деца и дечиња играчки кукли и мечиња Јанковци, Зорки и Елени да сте крај елки зелени
Полноќ кога точно бие никој никој никој никој да не спие тогаш во нашата родина влегува Новата година Новата нова годинааа
Весели песни да пееме радосно да се смееме сите зберете се елате добрини да си пожелате.
Полноќ кога точно бие никој никој никој никој да не спие тогаш во нашата родина влегува Новата година Новата нова годинааа
Eвзе ја испрати оваа песна
На санка брза бела
еве деца идам чекајте Марија, Миле Елена, Влатко и Лиле
Донеси годино нова игри и весели песни децата сегде да бидат птици полетани лесни
Мелиха Османоска ја пронајде оваа песна
Не секогаш Новата година носи среќа-Девојчето со кибритчињата-тажна приказна