Thursday, 2024-04-18, 6:42 PM
Welcome Guest | RSS

Роземак


7:03 PM
Месец на книгата
   Во рамките на форумот,ве поканувам да дискутираме на тема:Колку се читаат лектирите?
                                                
                                                  Книгата нема дно
 Книгата е наш жуборлив извор.Со векови и векови сите знаења се ставаат во книгите.Многу убави нешта, книгата ќе ти каже.Затоа,драго дете,треба да знаеш дека книгата никогаш нема да те слаже.
Книгата  е прозорец што силно ти отвора крила.Кога ќе ја отвориш книгата како нешто милно да те гали.Од сите книги ќе научиш  по нешто и затоа биди вешт.Книгата нема да падне во темни сенки затоа што сите деца со љубов ја отвораат.Од генерација на генерација,книгата е ризница со големи богатства.Книгата нема дно!
                                                  Симона VII одделение

                                                    

Кога првпат се сретнав со книгата,бев вчудовидена.Нејзините убави страници ме пренесоа во чуден,волшебен свет на бајките,па како немирно коњче кое трча низ полската ширинка,како славејот што весело пее во гората,бев радосна и секому сакав да му докажам дека сум голема и дека веќе имам книга.на нејзините страници се редеа безброј букви и бројки,а јас оттогаш сфатив дека книгата ќе биде мој најверен другар.веќе подолго време се дружам со книгата бидејќи таа ме пренесува секаде.од неа ги дознавам тајните на светот.Таа ме доведува до волшебни гори и волшебни дворци.Ми раскажува за витези кои скитаат по широкиот свет барајќи згоди и незгоди,за стебла што зборуваат,извори што леат,букви што се движат.Со неа патувам и по зелените полиња,се запознавам со јунаци,со знајни и незнајни борци кои се бореле за слобода и кои се пример за храброст,достоинство и самопожртвување.И,како да не ја наречам книгата ,мој најверен другар кога со неа сум најискрена.И уште многу  тајни кријат нејзините страници кои се немир за мојата душа и со кои секогаш ќе другарувам.А,читањето и пишувањето се огледало и патоказ кон иднината.Затоа секогаш ќе ја сакам и ќе другарувам со најмудриот учител -книгата.
                                                                 Андријана,VII одделение

                                                     

Нема ништо потаинствено од книгата.Таа е најмалечката златна врата,која со своето знаење и волшебна моќ не води на патување во најдалечните и најчудните места во кои никогаш не сме биле.Книгата дно нема,таа е страна од слики и зборови,низа од раскази,приказна за кралеви и кралици и збирка од поуки од кои ќе научиме многу новости,многу мудрости кои светот ни го прават поинтересен.Книгата е долг тунел на знаења  кој се повеќе ти буди љубопитство.Книгата е река која непрекинато тече носејќи ни скапи знаења кои се доволни со вистински труд да не направат покултурни и попаметни.Книгата е патоказ за среќен и удобен живот,таа е свеќа која што не догорува и секогаш ни го осветлува патот кон иднинатаsmile
   Поздрав за Мелиха,која ни го испрати овој текст.Благодариме!
                            
Да пишуваме на тема:,,Книгата дно нема!"Ве поканувам!

                                                                 
Додека ја читаш книгата   
ти,детенце драго, 
таа сонува и од занес 
ти се насмевнува благо 
таа тогаш добива душа 
и од потокот што жубори 
може да го слуша. 
Тогаш се замислува 
како да е птица, 
како да е цвет 
и како со тебе полека 
го освојува целиот свет. 
Тогаш е среќна и силна, 
таа е зора разиграна рано, 
единствено чувствуваш 
во неа највредното е збрано. Овие убави стихови ги пронајде и испрати Мелиха

Views: 9164 | Added by: Розе | Tags: месец, книга | Rating: 4.3/7
Total comments: 10
10 Јована  
0 Spam
јас сум јована

9 Kika  
0 Spam
Super nema shto :D

8 moni  
0 Spam

7 Mele  
2 Spam
Bravo Melihe samo pisis tekstovi pesmi biggrin

6 ANISA  
0 Spam
:)

5 Magde  
0 Spam
:D

4 Magde  
0 Spam
:up:

3 ahmet  
0 Spam

2 Hadis  
0 Spam
:D

1 Meliha  
0 Spam

Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Log In ]
Section categories
Најново! [10]
Погледнете ги нашите најнови активности!
Search
Log In
Calendar
«  October 2011  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Statistics

Онлајн: 1
Гости: 1
Корисници: 0