Зимска слика - 18 January 2013 - Роземак
Thursday, 2016-12-08, 7:06 PM
Welcome Guest | RSS

Роземак

Home » 2013 » January » 18 » Зимска слика
6:12 PM
Зимска слика
     Зборови,слики,песнички,текстови за убавицата зима на ова место                 
                           
              
                

Зимата на децата им пее

Низ мекото снеже што го сее,
зимата на децата им пее:

Јас сум деца,цвет од шари,
посребрен со ситни пари,
накитен со разни чуда,
со обетки-сјај од руда.
Штом разгрнам лисја цели,
на земјата сè се бели:

бело поле,
бели ниви,
бело патје
и покриви...

Отворам ли чашка своја,
цути само една боја:

бело небо,
бели гранки,
бело знаме
по полјанки.

Јури ветрот,
јурат санки,
руменеат уши,
дланки!

Низ мекото снеже што го вее,
зимата на децата им пее:

Јас сум деца,сон од резби,
украсен со многу везби...
Од очите смеа росам,
бела радост вам ви носам.

Бели игри,
бели селби,
јас сум брод
за ваши желби.

   Стојан Тарапуза

      



                                      
Зима, зима - е па што?
Зима дошла - а не лав!
Зима, зима - многу снег,
Нема страв штом си здрав!

Ајде надвор јунак кој е,
Таму вее крупен снег,
Гледај слика красна што е,
Голем бедем, голем брег.

Што ми може - патот врви,
Што ми може, што ми прави?!
Носот сега ми се вцрви,
Ете тоа, да сме здрави!

Сестро Зорке, ајд' се буди,
Најди место ти до нас;
Нема дур' ни да ни студи,
Клекни само на тој мраз!

Возој јурат, слики милни -
трка бурна, бурен лет
Збогум и вам птици крилни
Наш е сега сиот свет!
                                        
                                                           
            


                                  

 Јануари

    Јануари белобрад

снежец посла

в село, град.

Пуштил санки,

брзи скии

и ветришта-

лути змии.

Сегде има

ретка глетка,

заслужува

чиста петка.



                                                Зима
             Утро е.Зимско и снежно.Високите врвови на Јабланица им праќаат поздрави од далеку.Бела снежна покривка се распосла по нејзините падини.Времето е студено,но еве се поткажува сонцето од исток.Ги подава своите зраци над планинита.Со своето руменило го капе снегот,кој натежнал насекаде.Гранките на високите елки и борови се наведнале од тежината на снежните покриви.Во зима секое дете се радува на снегот кој го повикува да се санкаат и да прават Снешко.Наоколу царува тишина.Само по некое изгладнето врапче џивка,барајќи трошка храна.
                     Емилија Куциноска

                Зимска шега
-Деца,кој ќе наброи неколку зимски спортови?
-Јас,учителке!Скијање,санкање и лизгање.
-Одлично Николче,а што сакаш ти најмногу?
-Сладолед,учителке!
Views: 6854 | Added by: Розе | Tags: Снег, Зима | Rating: 5.0/3
Total comments: 6
6  
heeej mnogu ubavoo biggrin

5  
Добро ке биде лична творба biggrin

3  
.И јас ке ви пуштам наставничке! :D

4  
Нека биде лична творба smile

2  
Јас Ви пуштив наставничке !!!  biggrin

1  
некоја песничка,текст... wink

Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Log In ]
Категории
Најново! [9]
Погледнете ги нашите најнови активности!
Log In
Пребарувај
Календар
«  January 2013  »
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
Статистика

Онлајн: 1
Гости: 1
Корисници: 0



Тоше Проески-незаборав