Животот е еден лавиринт низ кој секојдневно се обидуваме да го пронајдеме вистинскиот пат.
Вие,драги осмоодделенци, сега се наоѓате пред една дилема:Кој пат да го одберете,а да биде оној вистинскиот!?
Да се запишете во гимназија или стручно училиште,медицинска или градежна насока...многу недоумици кои ви се вртат во вашите глави.Што и да се одлучите, нека биде од вашето срце и глава,нека биде одлука која сами ќе ја донесете и сами ќе ја остварите.Новото образование ќе бара од вас работа и труд.Со учење и примерен однос ќе покажете дека во новата средина одите подготвени да го продолжите, она, што во основното образование сте го стекнале.
Вие бевте една прекрасна генерација(имаше по некој,кој знаеше да не` изнервира) која се надевам успешно ќе чекори по правилно избраниот пат.
За крај:Сакајте го својот мајчин јазик,како што се сакате себе си!
Мајчиниот јазик е клуч што ги отвора тајните на вистината.Без него народот ќе остане при очи слеп,при уши глув,и при разум-прост
Ви посакувам многу успех во вашето понатамошно образование!Не не заборавајте,отворете ја страницата Роземак за да видите како вашите другарчиња се снаоѓаат,а и да се потсетите на,се надевам,убавите училишни денови во основното образование.
Срдечно за вас,наставничка Роза Китрозоска
Полуматурската вечер беше весела и се надевам за сите полуматуранти незаборавна.
Стравувавме и го поминавме екстерниот тест!Се грижевме за успехот,па дојде и тој момент.Со насмевка ги зедовме нашите свидетелства.
|