Thursday, 2024-03-28, 11:30 PM
Welcome Guest | RSS

Роземак


10:08 PM
За мајката, за жената...

Нова тема, нов предизвик!!

Да им го честитаме празникот 8 Март на сите мајки и жени со убави стихови, реченици, слики...

                            

За мајката

Мајката е цвет што цвета, 

како птица сегде лета,

дење ноќе над нас бдее,

радост, љубов срце грее....

                                                                            

Мајчиното срце е бездна во чии длабочини секогаш ќе пронајдеш спремност за простување.

                                                   

Мајчината љубов е блаженство, спокој, не е неопходно да се завојува, не е неопходно да се заслужи. 
Таа не може да се освои,да се создаде, да се запре. Ако ја има, таа е благослов, ако ја нема, животот е лишен од целата убавина.

Ерих Фром

 

                            

 

 

          За мајката на Григор Прличев

Прличев се родил во Охрид и потекнувал од сиромашно семејство. Уште како мал останал без татко му Ставре, а за фамилијата која се состоела од од три машки и едно девојче се грижеле неговата мајка Марија и неговиот дедо. Бедата на неговото семејство била толку голема што поради немање обувки дедо му на грб го носел до училиште  Мајката на Прличев за да го прехрани семејството работела како аргатка по туѓи куќи и од неа ја слушнал поговорката: Работата е здравје и чест. Но, во својата  Автобиографија со тага истакнува дека кога ја видел мајка си како го носи тешкиот ќилим на глава и кога никој не сакал да и помогне:

... јас плачев, како некој да беше ја убил мајка... Како ќе се живеј? - си мислев јас и таа мисла остана царица на сите мои мисли.

 

 

Жената е сопруга!

Жената е мајка!

Жената е домаќинка!

Жената е наставничка!

Жената е службеничка!

Жената е за почит и достоинство!

 

Мајка

Мајко моја 
не си сонце 
а топло ме грееш. 
не си вила 
но бескрајно си мила! 

Мамо,мамо знаеш ли, 
колку си ми мила ти ? 
Дење нoќе,секој миг, 
зрачи твојот топол лик. 
Мамо,мамо добро знај, 
мојата љубов нема крај.

 

Испратено од Мелиха Љутишоска

 

                           Честитки за празникот!!

 
                
                         
 
                 Ликот на Велика(,,Пиреј"-Петре М. Андреевски)

   Како што троскотната трева, пиреј, е истрајна, неуништлива и издржлива, така е истрајна, издржлива и неуништлива македонската жена.Пирејот е троскот кој колку сакаш можеш да го кубиш, корнеш, но не можеш да го уништиш. Тој штом ја допре земјата, пак се фаќа, оживува, потерува. Ништо не ја уништува  таа трева.
    Во романот,, Пиреј", Петре М. Андреевски, македонската жена ја споредил токму со пирејот. Оваа жена не се уништива, не се истребува. Таа после сите страдања и маки повторно оживува, потерува, раѓа. 
 
 
                        
             Мамичка
Мама ме учи,мама ме храни,
мама од лошо,мене ме брани.
 
Мамо мила,убава ко цвет,
ти си за мене најубава на свет.
 
Го сакам сонцето,топло ме грее,
но најмногу ја сакам ,мама кога се смее.
 
Најискрено ќе ви кажам сама,
најмногу на светот си ја сакам мама!
 
Лична творба на Андријана Дузлеска VII одделение
 
 
                  Порака за мојата мајка
 
           Мила моја, мајко, ти си како цвет што цвета во градина!
           Ти си како птица што бескрајно лета!
           Ти си како река што незапирливо тече!
           Мајко моја,ти си извор вечен!
           Те сакам ,почитувам , ти пеам,
           Вечно да си жива ,весела и здрава!
 
            Лична творба на Семина Бизатоска VII одделение
                                 
Честитка за мама
  Срцето мајко,
  добрини плете,
  од љубов сјае,
  среќно сум дете.
 
 Најнежна рака,
 мајчински гали,
 безмерно сака,
 цвеќенца мали.
 
 Игра со смеа ,
 в срцево пласти,
 в сончеви зраци,
 дете да расте.
 
 Лицето мајко,
 песни ти лее,
 ко небо бистро,
 насмев да сее.
 Испратено од Алмина Цаноска VII одделение
 
                              Мајка
                      Таа милна душа
                      што многу не` сака
                      и кога сме болни
                      со нас трга мака.
                      Не` расне,не` храни
                      и чисто не` мие.
                      Кога сме тажни,
                      в прегратка не` крие.
                      Нигде нема таква сила
                      ко мајчина љубов сила
                      Драга,света ,мила.
                       Лична творба на Амер Азизоски VII одделение
                                     
       Мојата мајка
Твојата мисла мајко,
секаде ме води,
многу ти благодарам,
мене што ме роди.
 
Светиш како сонце
ме топлиш,ме грееш,
имаш глас ко славеј,
кој секогаш пее.
 
Долгокоса,црноока,
нежна како свила,
со благ збор за секого
многу си ми мила.
  Лична творба на Мирела Цаноска  VII одделение
             
               Мајка ми
 Секоја вечер уморна се враќа,
 работи во фабриката ,,Браќа".
 Кога ќе ме погали со испуканата рака,
 јас ја чувствувам нејзината мака.
 
 Мајка ми работи тешка работа,
 се одмора дури во сабота.
 Јас без неа не можам еден час,
 колку ли ја сакам јас.
   Селма Рамадани VII одделение
                
                         8 ми Март
Денот е убав и прекрасен,го очекувам со голема љубов и радост.Денот кога мојата мајка е среќна и задоволна,а јас со цвет во рака и` го честитам овој свечен ден,ден на секоја мајка и жена-Осми март.
Мила моја мамо,нека ти е среќен празникот ,сега и секоја година!
                    Арнел Ибушоски VII одделение  
 
           Порака за мојата мајка
 Мила мајко!
 Секое утро се будам со чувство на среќа и радост што те имам тебе.Ти си нежна,насмеана и за мене се` би направила.
Постојано биди со мене,мајко драга,сакај ме ,чувај ме,а јас со 
учење,почит и разбирање ќе ти возвратам.Толку сум среќна што те имам и ти благодарам за тоа што си ти!
                                Зијада Асаноска VII одделение
 
 
           Мама
   Како сонцето што грее,
   мамината рака ме гали.
   Како капката роса чиста,
   љубовта на мама е иста.
   Јас и` сум друштво,
   за да не е сама.
   Јас ја сакам мојата мама.
            Испратено од Амина Касапоска VI одделение
           
 
                  Мајка 
   Ја гледам мајка ми
   како китка од бел цвет,
   нејзините меки  раце,
   се пролетна југовина,
   што се вивнува 
   во мартовска розевина. 
 
   Во срцето носи спокој,
   и надежи големи,
   за празникот,
   за цела година.
        Лична творба на  Симона Бадалоска VII одделение
 
   
              Што е мајката
   Мајката е најубав цвет
   в градина што цвета.
   Мајката е светла ѕвезда
   на темно небо што свети.
 
   Мајката е прегратка топла
   што ни дава сила.
   Кога ќе ми се насмевне
   како да ми растат крила.
   
   Мајката е најсветло сонце,
   најсладок и најсилен сон.
   нејзиниот глас за мене
   е најтопол весел ѕвон.
           Испратено од Џениса Салоска VII одделение 
 
 
                    Мајка 
   Мајко мила,мајко драга,
   ти си златен сончев сјај,
   нежна,добра вечно блага
   како булка в месец мај.
 
   Твојте зборој мајко мила,
   јас ги слушам секој час,
   ти ми даваш полет, сила
   добра си за сите нас.
 
   Ти си мајко цвеќе лично
   в срце мое што ми цвета,
   биди здрава ,биди среќна
   уште многу,многу лета.
    Испратено од Халид Мустафоски VI одделение
 
                                   
 
                   За мајката
 
  Кога некој ќе го изговори овој збор,веднаш помислувам најмило,најубаво нешто на овој свет.Секогаш кога таа личност е до тебе и со своите топли и нежни раце ја гали твојата коса, се чувствуваш многу поубаво и посигурно.Мајката е таа што не` родила,не` одгледала и се` добро што знаеме сме научиле од неа.Незјиниот глас толку е убав,милозвучен и секогаш знаеме дека од тој глас ќе чуеме поддршка,совет и неизмерна  мајчинска љубов.И никој да не се сомнева дека од неа ќе ја добиеме сета љубов на овој свет.Таа е нашиот родител,таа е нашата мајка.
                   Викторија Станкоска VII одделение
    
                      
Мојата Мајка 

Мојата мајка е мила 
нежна ко свила, 
убава ко шарен цвет
 во целиот цвет. 

Таа е како сонце 
што ме грее 
и убави песни 
таа ми пее. 

Мојата мајка 
е многу драга, 
секогаш весела 
со насмевка блага.
    Ахмет Цаноски  VII одд.  
 
 Вредните раце на учениците  изработија прекрасни честитки со кои им го честитаат празникот на мајките.
 
     Среќен празник, мајко!             
 
                       
 
 
 
          Среќен празник 
  Од сините мамини очи
  нежност и топлина се точи.
  Тие силно зрачат
  навистина ми значат.
 
  Насмевка мајчина ме грее,
  како сонце овошје што зрее.
  Јас и мама-небесна шир,
  полетана птица за мир.
 
  Штом ме гали со рака,
  поминува најголема мака.
  Во нејзиниот глас,
  секогаш наоѓам спас.
      Оливер Дишлиевски VII одделение
 
                             
 
 Љубовта од мајката е безгранична и безусловна.Мајката сака со очи од кои се точи љубов, разбирање и грижа.
 
 Мајко,жено,сестро...биди вечна,здрава и жива!!
Views: 36033 | Added by: Розе | Tags: 8 Март, жена, мајка | Rating: 5.0/7
Total comments: 161 2 »
13 sara  
1 Spam
Порака за мојата мајка
Мила мајко!
Секое утро се будам со чувство на среќа и радост што те имам тебе.Ти си нежна,насмеана и за мене се` би направила.
Постојано биди со мене,мајко драга,сакај ме ,чувај ме,а јас со
учење,почит и разбирање ќе ти возвратам.Толку сум среќна што те имам и ти благодарам за тоа што си ти! <3 :* <3 <3

Sara Ristova VIII oddelenie.

14 Розе  
0
Супер песна!

12 емре шакиров велес  
1 Spam
:D mnogu dobri mudri pesni i poemi ima vo ovie pesni

15 Розе  
0
good Благодарност!

11 Rilind  
1 Spam
Bravoooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooo

16 Розе  
0
good Фала!

10 Selma  
1 Spam
Многу Се убави овие Песнички Навистина , многу ми се допаднаа

9 RamadaN  
0 Spam
-_- :D hehe :P ;)

8 Розе  
1 Spam
Искоментирајте нешто,немој само Смешковци да праќате! biggrin

7 moni  
1 Spam
biggrin !

6 Arnel  
1 Spam
:D

5 Netii Sajnoska  
1 Spam
:d

4 amer  
1 Spam
:D

1-10 11-13
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Log In ]
Section categories
Најново! [10]
Погледнете ги нашите најнови активности!
Search
Log In
Calendar
«  February 2012  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
26272829
Statistics

Онлајн: 1
Гости: 1
Корисници: 0