Возбудлив ноемвриски ден во Струга - 16 November 2013 - Роземак
Thursday, 2016-12-08, 7:07 PM
Welcome Guest | RSS

Роземак

Home » 2013 » November » 16 » Возбудлив ноемвриски ден во Струга
10:19 PM
Возбудлив ноемвриски ден во Струга
                                    
 По многу перипетии,договори и дождливи денови, конечно тргнавме на планираната еднодневна екскурзија.Нашата Струга широко ги отвори портите за учениците од шесто одделение.
Во весела атмосфера стигнавме до игралиштето Караорман каде одигравме тежок фудбалски натпревар со нашите домаќини, а и од овој момент добри пријатели.Резултатот не е важен, важно е дека спортскиот дух беше и тoa  како присутен.
    Прошетката продолжи кон Мостот на поезијата, а пред Домот на културата силно се слушнаа стиховите на легендарната „Т`га за југ" на стружанецот и голем поет, Константин Миладинов.
Во Градската библиотека љубезните домаќини не` прошетаа и ни објаснија како се изнајмуваат книги.Мирисот на големиот број книги за некои ученици беше изненадувачки.

     Продолживме кон Спомен куќата на Миладиновци каде се поклонивме пред паметникот на браќата.Струга и Македонија, навистина треба да се гордеат со нив.
    Музејот има голем број експонати.Навистина со внимание ги проследивме.
Нозете не` заболеа!!Уморни полека седнавме во ресторанот Ванила покрај брегот на Охридското Езеро, насладувајќи се на вкусниот ручек.Чиниите останаа празни!!

За крај на возбудливиот ден, игра и прошетка како спомен се` до  некое ново доживување.

Погледнете го нашето Slideshow!!




Views: 582 | Added by: Розе | Rating: 4.4/5
Total comments: 2
2  
super si pominavme

1  
good good good Супер си поминавме!

Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Log In ]
Категории
Најново! [9]
Погледнете ги нашите најнови активности!
Log In
Пребарувај
Календар
«  November 2013  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
Статистика

Онлајн: 1
Гости: 1
Корисници: 0



Тоше Проески-незаборав