Wednesday, 2024-04-17, 0:52 AM
Welcome Guest | RSS

Роземак


7:22 PM
Среќна Нова 2013 година!!
                   Среќна Нова 2013 година!!


                         

Уште една Нова година е пред нас.Со возбуда ја дочекуваме и се надеваме на повеќе здравје,успех, љубов,благосостојба.
Минатата година напишавме многу песнички и пораки за годината што доаѓа>> НОВОГОДИШНИ ПОРАКИ 
 И еве ,не` повторно пред уште една Нова година.Пишувајте ни по што ќе ја паметите старата,а што очекувате од Новата година.
Како дете се радував на доаѓањето на Новата година и од една причина што на сите мои другарчиња им пишував честитки со желби за посреќна и поуспешна година.

Како честитате Нова година?Гласајте ТУКА! 

Прочитајте го овој напис на тема: Пишуваме ли честитки?
 
Нашите странички се отворени за вас! 

                 

Еве,една итересна новинка од Google.За да ни ги направи 
празниците поубави ни го подготви  ОВА 
Кликајте,отворајте и забавувајте се!Напишете му на Дедо Мраз!
     *****************************************
 Нашата најверна соработничка,Мелиха Лутишоска, ни ја испрати следната честитка,а и неколку новогодишни гатанки.Благодариме!
       
 

                             СЕКОЈА НОВА ГОДИНА
                              ИДАМ КАЈ ВАС,
                              НОСАМ МНОГУ СРЕЌА
                              И ПОДАРОЦИ ЦЕЛА ВРЕЌА.

                              КОЈ СУМ ЈАС?
                                            ---
ШТОМ ЌЕ ПАДНЕ
НА ЛИЗГАЊЕ ВЕ ВИКА,
БРАШНО НЕ Е,
А БЕЛ ТОЈ Е.

ШТО Е ТОА?
                                          ---
                              СНЕГ ИМА
                               РАДОСТ БЛИКА,
                               ДЕЦАТА НА САНКАЊЕ
                               ТАА ГИ ВИКА.

                               ШТО Е ТОА?
                                         ---
СЕКОГАШ Е ЗЕЛЕНА,
БИЛО ЛЕТО ИЛИ ЗИМА,
ЗА НОВА ГОДИНА УКРАСЕНА
ВО СЕКОЈ ДОМ ЈА ИМА.

ШТО Е ТОА
*************************************************
Прочитајте ги следните  познати песнички за Нова година.Преубави текстови!!

Како доаѓа Новата година

Тивко-
како повев на ветер
низ бескрајно поле,
во доцниот ноќен час,
Новата година в руба белоснежна 
доаѓа кај нас.
Дарови полно крај елката реди потем продолжува од,
додека снегулки како ѕвезди паѓаат
од вишниот небесен свод...

              

Пристигна Новата година

Светнале градови,села
ѕвончиња ѕвонат на цел глас,
Новата година иде
весела,сребрена,цела.

Убави елки се красат
играчки на нив се редат
дечињата радосно пеат
насмевки детски ги греат.





                                                      

 Новогодишна

Месецот декември                               
многу ми е драг
мила Нова година
веќе е на праг

Дома секој од нас
прави некој план
секого го зафаќа
среќен весел бран

Ѕвонете ѕвончиња ѕвонете
ѕвездички сребрен сјај сронете
Месечко постели ќилим злат
Дедо Мраз ни иде од далек пат

Последен е овој декемвриски час
елката е прекрасна трепери од сјај
застани до неа, желба посакај
насмевка на лицето не заборавај


            *********************************************************
Еве,ја честитката од нашата,втора,верна соработничка,
              Мелиха Османоска


                     

    

Во Новата година имајте повеќе време за себе и
своите блиски, бидете исполнети со љубов и здравје
и имајте прекрас
ни доживувања.
Нека е среќна и бериќетна!


Периодот кога го славиме раѓањето на една Нова година,
 дава нова надеж, дека убавите работи од минатата година
ќе траат, а лошите нешта нема да се повторат. Од се` срце Ви посакувам секој ден од Новата година да ви биде исполнет со убави работи, здравје, љубов, радост и мир.
Среќна Нова година
!

********************************************************************
Да направиме новогодишна прошетка низ преубавиот Охрид.
Охрид,како и секогаш волшебен!!

Новогодишен Охрид  :)


                       ВИДЕО ЧАС!!
Минатата учебна година снимивме видео материјал
 на тема:Новогодишни пораки.
Поради технички причини снимениот материјал е монтиран
оваа година.
Опис на часот:Часот течеше во два дела-усно изразување за најзначајните настани од претходната година и писмено изразување за новогодишните пораки и желби


      

Часот го снимивме со трите  седми одделенија кои активно
се вклучија во успешно спроведување на замислената идеја.

И оваа Нова година нека ни биде среќна,бериќетна и успешна!!             
 





Сликава ја поставив со желба полугодишниот распуст да ни помине со многу снег и зимски радости.Сликата е направена декември, 2012 година кога падна првиот снег.

     
Views: 6445 | Added by: Розе | Rating: 5.0/3
Total comments: 7
7 Розе  
2 Spam
Драги пријатели и читатели на Роземак!Ви ја честитам Новата година и ви посакувам здравје,среќа и успех!Среќна Нова 2013 година! smile

6 moni  
1 Spam
Срекна Нова 2013-та Година и све најдобро! smile

5 Mele  
1 Spam
Среќна нова година !!! На сите biggrin biggrin <333

4 Aлмина Цаноска  
1 Spam
И оваа година нека ни биде среќна и бериќетна со многу здравје среќа и успех . Среќна нова 2013 година :D

3 moni  
2 Spam

2 Mele  
1 Spam

1 Meliha  
2 Spam

Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Log In ]
Section categories
Најново! [10]
Погледнете ги нашите најнови активности!
Search
Log In
Calendar
«  December 2012  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Statistics

Онлајн: 1
Гости: 1
Корисници: 0