Thursday, 2024-04-25, 3:01 PM
Welcome Guest | RSS

Роземак


10:34 PM
Пролетта дојде!:)

                                                      

Ах,дојде пролетта!Се чувствувате ли и вие, исто како мене?Радосно,полетно,полни со оптимизам во прегратката на сонцето.Напишете ни!!



Пролет! Најубавото годишно време.По големата зима, по студот, по снегот,дојде пролетта, дојдоа птиците, насекаде се распосла зелениот килим, се рашири пријатниот и свеж мирис на цветовите. Сонцето не` грее и милно се смешка. Пролетта е како бајка.
                        Мелиха Османоска

                                Пролет
 
      Едно пролетно утро се разбудив со насмевка на лицето.Ме разбуди гласното и убаво црцорење на птиците.Во мојата кука бев сосема сама.Размислував  што да правам и решив да земам кошничка  и да одам во расцутената шума за да берам цветчиња.Така,си помислив, ќе ја наполнам нашата кука со свежи и миризливи цвекиња,а моите родители ќе бидат радосни.

      Во шумата се сретнав со многу другарчиња кои исто така дошле  да шетаат и берат цвеќиња.Јас берев ,берев цвекиња, но не забележав како времето брзо поминало и сите другарчиња си отишле.На излезот од шумата ги сретнав моите родители кои загрижени тргнале по мене .Тие ме зедоа,а јас возбудена од прекрасниот пролетен ден веднаш им раскажав што сакам да направам со миризливите цвеќиња.

Следното утро беше поинакво.Овој пат не се разбудив со насмевка на лицето бидејки денот не беше сончев и ведар.Птиците не беа на гранките како што јас очекував.Со другарите требаше да организираме пролетна прошетка,а времето не беше на наша страна. Додека размислувавме дали да тргнеме,почна силно  да врне ите си заминавме во нашите домови.Но,пролетниот дожд е навистина непредвидлив.Наеднаш прекина,а небото  почна да се разбиструва, а ние,  од нашите прозорци, со насмевка на лицата се радувавме заедно. Потоа пак излеговме и цел ден го поминавме надвор во пролетната убавина.Пролетта е едно прекрасно годишно време коешто те изненадува од време на време и со нови авантури те пречекува.Сакајте ги сите годишни времиња, но запомнете дека пролетта е едно преубаво време коешто те прави повесел и ти го исполнува срцето.

                 Симона Бадалоска


Пролет

   Годината има   четири годишни времиња.Едно од нив е пролетта .Пролетта е едно од најубавите и  најсаканите  времиња.Во пролет  се`  раззеленува. Природата  е во шарени бои,а  цвеќиња  по полињата  се нижат. Дрвјата растат и цутат . Реките  бистро  течат тргнувајќи од чистите  изворчиња.  Птиците пеат и црцорат . Се`  е толку  убаво и миризливо  што   те успокојува  сето тоа.Природата е големо и скапоцено богатство за секој човек.

                                   Алмина Цаноска


 
Природа

Природата е највеселиот свирач
низ ветер и дожд насмеана и мила 
Таа е преполна со лисја, цвеќиња, птици и пчели.

Природата е поток, жуборлив и чист 
Разиграна ѕвезда која сјае
во неа се кријат најнежни тајни 
таа е нашата светлинска слобода.

Природата е најголема радост
Природата е утринска смеа 
Природата е светло сонце.

Мирела Цаноска






Здивот на пролетта

Црното ќосе со жолтото носе
од грмушката кога утрово ѕирна
го виде сончко насмеан над ридот-
потскокна и весело свирна:
- Готово е, готово - радосно рече
штом сончко топло толку рано пече
од зимава набргу ќе нема ни трага...
На прагот е значи пролетта драга!

Една пчелка ранобудна
колку вредна, толку чудна
крај него часкум слета.
Ајде ќосе, му подвикна
зар не ти се лета?
Глеј сончко го стопи снегот.
Чисти се ливадите и нивите
со пупки ги накити гранките на праските
кајсиите, сливите!
Февруари уште вчера
си ги собра јорганите
Март ене шета
меѓу гранките на јоргованите.
Надвор се буди се што е живо...
Зар не го чувствуваш на пролетта здивот!?
Како да не - ќосето и врати-
Ти благодарам пријателке на укажаната чест
еве ќе летнам и само за миг
на сите ќе им ја пренесам радосната вест!


      Пролет
Се бистри матното око на небото,
Сончната зеница се присенува.
Есенска седба  на моите желби,
под снегот,убога ,зазеленува.
            Блаже Конески
Views: 40145 | Added by: Розе | Rating: 4.0/4
Total comments: 5
5 moni  
1 Spam
Прекраснто време почнува од сега ! Најубавото време во годината!  biggrin

4 Розе  
3 Spam
Денес беше прекрасен пролетен ден! happy

3 simona  
1 Spam
Најубавото време од годината во кое се чувствувам исполнето! biggrin

2 Meliha  
1 Spam
Јас се чувствувам прекрасно,радосно,пролетно,полна со оптимизам и енергија!!

1 Mele  
1 Spam
Пролетта е едно од најубавите годишни времиња! Јас многу радосно се чувствувам !  smile

Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Log In ]
Section categories
Најново! [10]
Погледнете ги нашите најнови активности!
Search
Log In
Calendar
«  March 2013  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Statistics

Онлајн: 1
Гости: 1
Корисници: 0