Нека победи љубовта!!:)) - 30 November 2012 - Роземак
Thursday, 2016-12-08, 7:06 PM
Welcome Guest | RSS

Роземак

Home » 2012 » November » 30 » Нека победи љубовта!!:))
1:58 AM
Нека победи љубовта!!:))
  Љубовта е најубавото чувство што го обзема човекот.Ги сакаме нашите родители,нашата татковина,сакаме некое момче или девојка...секое давање љубов го прави човекот среќен и исполнет.

                   
                      Мелиха Османоска

Дениција – Петре М. Андреевски

Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.

Кога ја љубев Дениција,
како да му пронајдував брзина и на каменот,
како да ја одделував душата од телото,
како да го палев барутот,
на тилот од смилот и трендафилот.

Кога ја љубев Дениција,
како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
како да ги откривав сите рудници на злато,
како да добивав телефонска врска со сонот
од сите успани работници.

Оти ја љубев Дениција,
како што ги отворав пролетните аптеки,
сместени во гласот од славејот,
како што славејот ги спријателуваше
небото и земјата,
како што таа ми ја одземаше тежината,
додека трчав кон неа,
како што не можев да видам ништо освен неа,
како што таа живееше додека јас умирав,
како што и јас не знеав како би умрел,
ако таа не се родеше.

 СОН-Блаже Конески

Сон

Јас сакам да те знам
проѕирна, далечна, мила:
од коприна те ткаам,
од јасна ѕвездена свила.

И ти во искреста игра
со виор и сињак, сен и светлина
минеш низ приказен крај,
ти бледо чедо месечинско
минеш низ приказен крај,
и како далечен, и како трепетен,
како радосен ѕвон
ѕуниш во мојот сон.

Јас сакам да те знам
проѕирна, далечна, мила
од коприна те ткаам,
од јасна ѕвездена свила.


   Желба-Цане Андреевски

                                            Желба

     Ако треба некогаш да бидам нешто, би сакал
     да бидам извишен, разгранет даб на некој друм.
     На светот луѓето често се преморуваат и сакаат
    да си починат под сенката на туѓите добрини.
     Бездруго некогаш ќе бидеш и ти изморена.
    Тогаш дојди, потпри се на моето стебло и почини си.
    Почини си со спокојството на жетварка над врзаните
    снопје во летна квечерина.
     А потоа, ако сеуште мислиш дека сите класје
    од нивјето не се прибрани, ако сакаш да си одиш
    - расечи ја мојата кора и уште еднаш напиши го со нож твоето име.
     И, моето стебло нема повеќе да расте и да се
     шири - за да не се избрише твоето име.


        ЉУБОВНИ ПОРАКИ

Ти си светлост во темнината на животот, ти си единствената нота од мојата музика, ти си бескрајната тајна на моите сништа, ти си мојот живот, ти си ми се` - те сакам.

Повеќе би сакал да немам ништо, а да те имам тебе, отколку да имам се` а тебе не.
 
Сакам да бидам сон во твојата најубава ноќ, сакам да бидам љубов што низ усните ќе ти помине, сакам да бидам мисла во мислите твои, сакам да бидам дел од животот твој.

  Стихови за љубовта што ги напиша и пронајде Мирела Цаноска
 
     Те изгубив
Те изгубив тебе
изгубив дел од себе
не го слушам твојот глас
за мене нема спас
  
                           Не верувај во мене
                 Во душава ветер вее
                 очите солзи леат
                 срцето тажно пее:
                 Те сакам тебе!
          
                                                            Секогаш ти верував
                                                    Ех,само да знаев
                                                    каков си бил ти,
                                                    немаше да ми ги растажиш,
                                                    најсреќните дни.


                Љубовта е најубаво нешто,
                чувај ја,ти, вешто!
                 Ако ја изгубиш сега,
                 таа секогаш ќе ти бега.

Погледни во срцево мое,ќе го пронајдеш твојот лик,а моиве очи ќе те следат и потсетуваат дека само за час,само за момент,постоиме јас и ти.
                                 
 

Сонце за три светови-Мики Јовановски-Џафер

Една ѕвезда ми шепоти,
дали си блесок што постои,
трепет од крилја на гулаби.
Срце ми создава бол,
дали може љубовта, ноќва да ја продолжи.
Дали може да ја задржи.

Ја имам само ноќва да бидам јас со неа.
И не знам дали можам да заборавам.
Во гради имам сонце за уште три светови,
ако замине ќе изгаснам.

Илјада слики сеќавања
и мечти не домечтаени.
Ќе носам трагови нејзини,
во себе цел еден век.
Знам дека ќе замине,
денот штом ќе надојде,
ќе ми рече Не барај ме!

Ја имам само ноќва да бидам јас со неа.
И не знам дали можам да заборавам.
Во гради имам сонце за уште три светови,
ако замине ќе изгаснам.

Знам дека ќе замине,
денот штом ќе надојде,
ќе ми рече Не барај ме!

Ја имам само ноќва да бидам јас со неа.
И не знам дали можам да заборавам.
Во гради имам сонце за уште три светови,
ако замине..

Ја имам само ноќва да бидам јас со неа
И не знам дали можам да заборавам.
Во гради имам сонце за уште три светови,
ако замине ќе изгаснам.



             
Views: 1675 | Added by: Розе | Tags: љубов | Rating: 3.7/3
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Log In ]
Категории
Најново! [9]
Погледнете ги нашите најнови активности!
Log In
Пребарувај
Календар
«  November 2012  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930
Статистика

Онлајн: 1
Гости: 1
Корисници: 0



Тоше Проески-незаборав