Лични творби на наши читатели - 15 November 2015 - Роземак
Thursday, 2016-12-08, 7:06 PM
Welcome Guest | RSS

Роземак

Home » 2015 » November » 15 » Лични творби на наши читатели
3:21 PM
Лични творби на наши читатели

Нашите посетители се многу талентирани за пишување. Прочитајте ја творбата на Рангелова Лина. Пишувајте и вие за есента и испраќајте ги вашите творби. Со задоволство ќе ги објавиме.

                       

     Пристигна есента во мојот крај и како најдобар сликар ја обои природата. Наслика прекрасен пејзаж со црвена, портокалова, кафеава и златно-жолта боја.Лисјата паѓаат од дрвјата, ветрот ги носи,  а тие танцуваат низ воздухот. Шушкаат под нашите нашите нозе, се ронат и прават прекрасен килим низ кој минуваат безброј патници.
Небото е тмурно и сиво, а јата  птици црцорат тажно и итаат кон топлиот југ. Паѓаат дождовни капки и како кристали се тркалаат низ чадорчињата. Златно-жолтата боја блеска на сонцето кое срамежливо ѕирка меѓу облаците.
Есента мириса на зрело овошје, кошниците се полни со јаболка, круши, грозје, дуњи. Се шири мирис на зимница од дворовите, се слушаат удари од секири. Орачите ги ораат нивите, натежнале лозјата од зрели и вкусни гроздови. Домаќините брзаат да ги наполнат визбите со вино и ракија.Во гората животните се спремаат за зимски сон, ги подготвуваат своите легла.
Ете, таква е есента, шарена, разиграна и миризлива од есенските овошки. Стариот сликар ја наслика есента, а потоа ќе ни наслика нови бели бисерни-блескави бои.

  Нашата читателка, Калија нѐ почести со своите творби. Прочитајте ги!

                                    Чувство на љубов

Да живееш... Да копнееш... Да се будиш секое утро со помислата дека си некому потребен... Најубавото чувство. Тоа што нè исполнува. Ни го прави животот посебен и единствен. Единствен, на начин на кој некогаш бил само дел од нашите сонови. Што е тоа? Кое е тоа чувство кое може да ги помине сите препреки само за да спои две срца? Да, тоа е љубовта! Љубов – толку мало зборче, а сепак исполнето со многу емоции, чувства... Исполнето со огромна светлина и радост, но понекогаш и тага. Љубовта постоела отсекогаш и претставувала чувство без кое ако размислам, човечкиот род не би можел да опстане. Без разлика на времето, местото и положбата во која се наоѓале, луѓето секогаш биле способни да дадат љубов, па дури и да го дадат својот живот за оние кои ги сакале.
Што е тоа љубов? Понекогаш ќе се прашаме. Всушност мислам дека тоа е најчесто поставувано прашање. За некого љубовта претставува само болка и страдање, додека за некого претставува најубавото и најпрекрасното нешто на светот, единствена причина за живеење. За мене љубовта е еден вид пријателство, да бидеш со тој што го сакаш во добро и во зло, да растете заедно, да плачете, да се смеете... Да ги поминувате заедно најубавите моменти. Да си верувате еден на друг, но пред се да верувате во вашата љубов. Едноставно, тогаш целиот свет е само ваш, а на него постоите само вие двајца и нормално вашата љубов.
Се уште не можам да зборувам за љубовта и нејзината убавина, но сепак мислам дека таа е дел од секого и дека декој има право да ја почувствува. Пролетта е време за вљубување. Па затоа се вели дека на вљубените целиот живот им е пролет. Љубовта е најубавото нешто на светот. Кога сум вљубен чувствувам дека целиот свет е мој, а светот е обоен со розова боја, прекрасна волшебна боја... Љубовта знам колку е слатка, но знам и колку боли. Не се откажав од љубовта, бидејќи таа доаѓа кон оние кои веруваат во неа. И секој пат кога ќе ги осетам оние пеперутки во стомакот, ја осеќам љубовта на своја кожа, сите убави мигови, се осеќам најубаво. Па дури и кога нема љубов во мојот живот, остануваат спомените од нешто поминато, спомени кои ми го одржуваат животот. Љубовта е најсилната сила. Сила која го врти светот. Во школо не учат за некакви сили кои не опкружуваат, но дали се тие и најважни? Тие се сили кои ги проучуваат некои научници, кои го трошат својот живот затворени во својата работна соба, проучувајќи ги законите и она што не опкружува. Но ниту еден човек, ниту еден научник или слично не може, не е способен да ги открие сите закони на љубовта. На таа сила која според мене има најголема моќ.
Но љубовта е секогаш непредвидлива. Иако ни ја носи најголемата среќа во животот, знае да донесе и болка, тага и мнгоу солзи. Но сепак тој баланс помеѓу среќата и тагата е неопходен во нашите животи и сето тоа се надминува. Најбитна е убавината на љубовта, за која доколку е вистинска вреди да се ризикува животот. Дали само еден цвет ја прави ливадата шарена? Дали само една ѕвезда го прави небото чудесно? Само еден лебед ли ги прави водите на езерото романтични? Започнав со мелодијата на пријателството, а завршувам со песната на љубовта. Љубовта е како музичка кутија која е затворена со катанче, а клучот на тоа катанче го има тој што го сакаме. А душата, таа претставува огледало, при секој поглед во него се гледа нашата љубов. Ако си го отвориме срцето, љубовта ќе ни ја отвори душата. Кога музиката од музичката кутија допира до мојата душа, започнува љубовта. А, кога ќе запре музиката се крши огледалото и се губи клучот – тука лежат одговорите на сите прашања. Неверствата и лагите ја трујат љубовта. Помалите лаги и неверства бавно ја уништуваат љубовта. Големите лаги и неверства ја уништуваат побрзо. Љубовта не значи само болка и повредување. Љубов значи: Љубовта да ја подариш на оној што мислиш дека му е потребна и искрено и безусловно да го сакаш. Љубовта е најубавото нешто на светот, но само ако е возвратена! Секогаш носи љубов во твоето срце, затоа што само така ќе бидеш среќен и ќе те сакаат. А тоа, да бидеш сакан е најубавото нешто што може да ти се случи. Деновите потрошени без љубов, се залудно потрошени денови... Тој што те сака, и ти сакај го, но тој што те повредува, засекогаш избриши го од твојот живот. Ако си во мојот живот само за да си играш со моите чувства, не си го губи времето и оди си. Но, ако си тука да ме сакаш и да ми покажеш што е вистинска љубов, можеш да останеш засекогаш.

                             Планетата Земја

        Денес планетата Земја е многу загадена а воедно и уништена. Тоа е така поради човекот. Човекот е најголем загадувач на планетата Земја, неразмислувајќи  дека и самиот себе си наштетува.
Водите денес се многу загадени, како резултат на бродовите кои испуштаат нафта и бензин. Живиот свет  не може да живее во таква средина и умира. Друг проблем е што постојано се сечат голем број на дрвја, а тие се белите дробови на нашата планета. Улиците се полни со отпадоци поради луѓето кои се толку мрзливи што отпадокот го фрлаат на сред улица, наместо во корпа за ѓубре. Фабриките од оџаците испуштаат чад што го загадува воздухот.
Зошто  дозволуваме да живееме во ваква средина кога можеме да преземеме нешто за да живееме во почиста и поздрава околина. За да се постигне ова, не треба да се сечат дрвјата туку напротив,да се засадуваат уште повеќе. Да не се фрлаат отпадоци насекаде кога има корпи за нив. Да се стават филтри на оџаците од фабриките...
Едноставно да се грижиме за нашата планета бидејќи таа ни е едниствена и НЕМАМЕ РЕЗЕРВНА ПЛАНЕТА!!!

Category: Најново! | Views: 398 | Added by: rangelovalina21 | Rating: 5.0/1
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Log In ]
Категории
Најново! [9]
Погледнете ги нашите најнови активности!
Log In
Пребарувај
Календар
«  November 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Статистика

Онлајн: 1
Гости: 1
Корисници: 0



Тоше Проески-незаборав