Ех,лето,топло лето!! - 9 June 2012 - Роземак
Thursday, 2016-12-08, 7:06 PM
Welcome Guest | RSS

Роземак

Home » 2012 » June » 9 » Ех,лето,топло лето!!
7:36 PM
Ех,лето,топло лето!!
Лето со добра музика,одмор покрај море,езеро или на планина со интересна книга во рака...
Колку убаво звучи!!Секако,да не ја заборавиме и храната!Каква храна?Лесна,со многу зеленук и овошје.Ќе ви препорачам неколку написи кои ќе ви бидат корисни.
Прочитајте за лубеницата!!
                                     

Летните десерти се многу значајни,посебно кога очекуваме гости.
Прочитајте неколку рецепти кои ќе ви помогнат во одлуката што да приготвите.
А, за оние кои не се по слаткото еве,салата и тоа МАКЕДОНСКА
Летото е предизвик за сите,а посебно за девојчињата.Некое килце во текот на претходните месеци им задава грижи.Затоа внимавајте што и како консумирате.Јогуртот е корисен за организмот.Пијте јогурт секој ден,јадете лесна храна,но никако не се изгладнувајте!!
Строгите диети се штетни за човечкото тело!!
Прочитајте ги понудените написи,се надевам ќе ви бидат корисни!!
                            
                     строга диета - не!
      Уживајте во летото со добра музика!

               



                 
         
 Долго топло лето-да уживаме!!
                         

Да се потсетиме на крајот на учебната година.
Дојде и долгоочекуваниот последен училиштен ден.Помина учебна година исполнета со многу активности,лесни и тешки задачи,петки и двојки.

                    

На сите ученици и посетители на Роземак им благодарам за соработката,посетеноста и зборовите на поддршка што ни помогнаа да ја одржиме страницата.Ви посакувам пријатно лето,а во следната учебна година,со нови сили да ја збогатиме нашата страница.
Ви благодарам!!
Администратор на страната, Роза Китрозоска
             
За да не се заборавиме,нека ова биде место за шеги,интересни случки од летните денови,слики...

Крајот на учебната година беше весело дочекан.Еве,неколку слики од атмосферата.
          
                     
           

Еве,што ветува еден ученик на крајот од учебната година:))

                   

Збогатувајќи ја страната мора да и се заблагодарам на ученичката Мелиха Лутишоска која редовно и несебично не`храни со  интересни информации,песни,шеги...
        Јуни
Јуни секогаш ни е гостин драг.
Еве сега ни пристигна пак!
Тој од нас никогаш ништо не проси,
а што ќе му побараме - од срце ни носи.

Зар не ти е убаво и тебе, кажи
кога со јуни шеташ по песочните плажи?
Или кога летуваш некаде во планина?
Можеш ли да ја опишеш таа убавина?

И не треба да се чудиш,
или нешто да те буни.
Зашто и летото почнува во јуни.

Затоа, ајде вака да направиме:
Со песна и игра летото да го поздравиме.

Додека ни е гостин, додека трае
секој од нас - каде и да е
да биде весел, да игра, да се смее.
Како јунското сонце нас што не грее!
  
 Неуморна,ни испрати неколку шеги кои ќе не` насмеат.

Oд вас барам еднo,
-Тоа се две работи:
-Ред, мир и дисциплина!


Некој човек полагал за возачка дозвола долго време,но никако да положи.
Оди човекот по 16-ти пат и си рекол:,, Е, сега дури мора да положам!"
  Го среќава негов пријател и го прашува:
- Како бе положи ли,а тој му рекол: ,,Чекам инструкторот да излезе од болница, па да ми каже што сум направил".


Келнер, ми се дави мува во супата.
- Е па, да не сакаш да ти игра ватерполо?


Се извинувам што ви го прекинувам сунѓерот, може да го добијам часот ?


Пациент : Докторе имате нешто против кашлање ?
Доктор : Не,не слободно кашлајте...

Професорот: Отсутни?
Дежурниот: Мајкл Џексон
(Професорот почнува да го запишува)
Ученик: Ама, професоре тој пејач е..
Професорот: Пејач, непејач јас ќе го запишам , па класната нека го оправда. 

Двајца полицајци гледале телевизија.И едниот му вика на другиот :,, Ееееее ... да не беше Никола Тесла сега фудбал ке гледавме во темница !!"


Седиме на прва клупа кај вратата и со другарчето до мене правиме муабет.Наставникот не` опоменува еднаш, двапати , после му скиснува и вика:
-Прва клупа надвор !!!
Ние ја вадиме клупата надвор и се враќаме назад и наставникот зачуден вели :
-Абе оти ја извадивте клупата надвор ?
Ние наивно му викаме.
-Па наставнику вие ни рековте прва клупа надвор :):):):)


Малиот Игорче прашува трудна жена :
-Што е тоа во твојот стомак?
-Моето бебе.
-А го сакаш ?
-Да,многу ?
-Па зошто си го изела тогаш ?!


Имат Rodeo?
-Имат!
-А Light?
-Ам не е куче за да лајт!!!

Сега ќе биде вака: Прво ти ќе работиш а јас ќе одмарам, па јас ќе одмарам, а ти ќе работиш.

Некој турист дошол на летување и се сместил во хотел ,,Дрим" во Струга.Го сместиле во соба број два.
Еднаш тој се јавил кај вработените и им вели:
-Ту ти ту рум ту(two tea to room two-два чаја до соба два)
И вработениот не го разбрал,мислел дека се зафркава и му рекол:
-Тарарамтарарамта!


  МОМЧЕТО СО ЛОШ КАРАКТЕР
Едно момче имало лош карактер. Татко му, му дал вреќа полна со клинци велејќи му, секогаш кога ќе побесни и ја изгуби контролата врз себе, да заковa еден клинец во оградата.

Првиот ден момчето заковало 37, и секој ден се помалку и помалку клинци.

Следните неколку месеци детето научило како да го контролира својот бес, па бројот на заковани клинци постепено се намалувал. Открило дека е полесно да го контролира својот карактер, отколку да кова клинци во оградата. Најпосле дошол и денот кога момчето не заковало ниту еден клинец во оградата. Отишол кај татко му за да му соопшти дека веќе воопшто не се нервира, и презeл контрола над себе.

Тогаш татко му му рекол :

- " Секој ден, кога ќе успееш да го исконтролираш своето однесување, извади по еден клинец од оградата . "

Денови проаѓале, а дошол и тој ден кога момчето  му рекло на татка си дека ги извадило сите клинци од оградата. Таткото го зел сина си за рака и го одвел до оградата. Тогаш му рекол:

- „Добро си направил сине мој, но погледај ги сите овие дупки во оградата. Оградата никогаш повеќе нема да биде иста. Кога во бес ќе кажеш некои работи, тие оставаат лузни како што се овие дупки во оградата. Можеш човека да го прободеш со нож и да го извадиш ножот. После тоа не е важно колку пати ќе кажеш дека ти е жал, дупките остануваат. Вербалната рана исто толку боли како и физичката."- одговорил таткото.

„Пријателствата се навистина скапоцени, те насмевнуваат, те охрабруваат да успееш во нешто, спремни се да те сослушаат, да ја споделат твојата болка, имаат убав збор за тебе и секогаш имаат отворено срце за тебе. Животот не е блок за цртање. Грешките не се направени со молив за кои може да се употреби гума за бришење, за да ги снема како никогаш да не постоеле." - додал таткото.

Позитивната страна на пријателството, е сознанието што можеш некому да довериш своја тајна.
(Текстот е преземен од Здружението на просветни работници на ФБ)


                ПОУЧНИ ПРИКАЗНИ
          (Мелиха Лутишоска ги пронајде и испрати)

           Богатство, успех и љубов
Еднаш, една жена ги полеваше цвеќињата во градината, кога виде тројца старци пред градината. Не ги познаваше, но им рече:
- „Мислам дека не ве познавам, но ми се чини дека сте гладни. Повелете внатре ќе ви подготвам нешто да каснете.
" Старците прашаа:
- „Дали е дома маж ти?" „Не" - одговори жената. 
- „Тогаш мора да си одиме" - ѝ рекоа.
Вечерта, кога мажот ѝ се врати дома, жената му раскажа што ѝ се случи. 
- „Сега можеш да им кажеш дека сум се вратил и покани ги внатре" - рече мажот. 
Жената замина да ги повика старците на вечера. 
- „За жал, не можеме сите да го прифатиме вашата љубезна покана" - ѝ рекоа старците.
- „Зошто не?" - запраша изненадено жената. Еден од старците покажа со прстот: 
- „Неговото име е БОГАТСТВО."
Потоа покажа на другиот: 
- „Неговото име е УСПЕХ." 
- „Моето име е ЉУБОВ." 
- „Сега појди кај мажот ти и заедно одлучете кого од нас тројца ќе повикате внатре."
Жената се врати во куќата и му раскажа на мажот што ѝ се случи. Мажот пресреќен рече:
- „Супер! повикај го БОГАТСТВО да ја наполни куќата со сѐ и сешто."
Жената пак не беше задоволна со неговиот предлог: 
- „Зошто да не го повикаме УСПЕХ?" 
Разговорот меѓу нив го слушаше нивната ќерка и, полна со воодушевување, рече:
- „Зар не би било најдобро да биде повикан ЉУБОВ? Нашиот дом би бил исполнет со љубов!"
Родителите го послушаа советот од нивната ќерка.
- „Појди и замоли го ЉУБОВ да биде наш гостин" - ѝ рече мажот на жената. 
- „Кој е од вас ЉУБОВ? Ве молам нека тој биде наш гостин."
ЉУБОВ седеше мирно во својата инвалидска количка и жената го однесе во својот дом. Другите двајца старци тргнаа по нив. Зачудената жена запраша зошто сега идат и БОГАТСТВО и УСПЕХ, кога таа го повика само ЉУБОВ? Старците во еден глас одговорија:
- „Да ги повикаше БОГАТСТВО или УСПЕХ, другите двајца ќе заминеа. Но, ти го повика ЉУБОВ.
Каде оди ЉУБОВТА ние ја следиме насекаде."
Поука:Таму каде има љубов, таму секогаш доаѓаат богатството и успехот.

                   РИЗИК
Во плодната почва биле засадени ДВЕ СЕМИЊА едно до друго.
Првото СЕМЕ рекло:
- САКАМ ДА РАСТАМ! Сакам да ги пуштам корените длабоко во почвата под мене и да пуштам ливчиња преку земјината кора и надвор. Сакам да ги развијам нежните пупки како знаменца, за да го најавам доаѓањето на пролетта. Сакам да ја почувствувам топлината на сонцето врз лицето и благодетта на утринската роса врз моите венчени ливчиња. И ТАКА ТОА ПОРАСНАЛО.
Другото СЕМЕ рекло:
- СЕ ПЛАШАМ. Ако ги пуштам корените надолу во земјата, со што ли се ќе се сретнам во мракот. Ако си направам пат нагоре, преку тврдата почва над мене, можам да си ги нахранам ливчињата. Но, што ќе се случи, ако ги отворам пупките и некој инсект се обиде да ми ги изеде? А кога ќе ги отворам цветовите, што ако некое мало дете ме откорне од земјата? Не, многу подобро е да почекам, додека не стане посигурно. И ТАКА ТОА ПОЧЕКАЛО ДА ВИДИ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ.
Но случајно една кокошка, која си буричкала низ ровката почва барајќи храна, го нашла СЕМЕНЦЕТО, кое чекало да види што ќе се случи, но за жал бргу било ПРОГОЛТАНО од кокошката.
ПОУКА: ОНИЕ ОД НАС КОИ НЕ СЕ ОСМЕЛУВААТ ДА РИЗИКУВААТ И ДА РАСТАТ ВО ЖИВОТОТ, И ЧЕКААТ ШТО ЌЕ ИМ ДОНЕСЕ ИСТИОТ, СЕ ПРОГОЛТАНИ ОД ЖИВОТОТ!
Затоа ризикувајте, истражувајте, и почувствувајте ја топлината и радоста на животот. 

Другите поучни приказни прочитајте ги на следниот линк >>Приказни


Летото е време за одмор,дружење,прошетки.Затоа ви препорачуваме:

Отпатувајте!    
Танцувајте!!

Насликајте нешто!!

Играјте пикадо или шах!!


Фудбал или кошарка!!           

Пребарувајте на Интернет!!

Прочитајте добра книга!! 

Кога сме кај читањето,ова се лектирите за осмо одделение:
Кликнете на насловите!!


И секако,многу пливајте,разладувајте се во прекрасните езерски води на Охридското Езеро.А, сите кои не се од Охрид и Струга ги покануваме да дојдат и да  видат како ,,бистро езеро  белеит".



Европското фудбалско првенство е во тек.Да навиваме за нашите фаворити!!
 

КОЈ Е ВАШИОТ ФАВОРИТ??НАПИШЕТЕ ВО КОМЕНТАР!!

          Да се насмееме:
                   
Се собираат група  животни и лавот вели:
-Кој ке скокне  во провалијата долга 100 метри тој ке биде крал на џунглата.
По некое време се качува и сите  викаат:
-Браво! Како се осмели да скокнеш?
-Море, само да го фатам тој што ме турна!

                         ***
Зоки Поки го прашува татка си:
- Тато, зошто петелот кукурика?
- Петелот кукурика кога некој лаже.
- Но тој кукурика во 3 часот во ноќта кога сите спијат.
- Тоа време се разнесуваат утрешните весници.
                        ***

Баба на умирање му рекла на внучето:
- Сакам да ти ја оставам мојата фарма. Тоа вклучува ниви, вила, трактор, друга опрема и 20000000 долари. 
Внукот гледајќи се себе си богат вели: 
- О, бабо! Колку си добра! Јас дури и не знаев дека имаш фарма... Каде е?
Со последниот здив бабата прошепнала:
…на Facebook…
                     ***
Седи ученик на час  приклучен на Фејсбук и пишува статус: "Сите на учење, а само јас на Фејсбук". Неочекувано му стигнува коментар од професорот: ,,Kецот ќе дојдеш да го земеш или да те тагнам? " :)))
                    ***

Трпе го прашува татко му:
- Tато што е разликата помеѓу бесплатно и џабе?
- Tи учиш бесплатно, ама за џабе. 

              Ноќна слика на преубавиот Охрид ова лето
   

Нашата соработничка, Мелиха Османоска не` почести со неколку мудри изреки:

 Секој ден животот ни товари камења, но не е важно колку, важно е што градиме со нив. 

Да одиш со пријател по темно е подобро од тоа да одиш сам по светло. 

Ако видиш некого без насмевка, дај му ја! 


Која било работа, всушност сите работи, мали или големи се претвораат во авантура кога ги споделувате со вистинската личност. 

 Водата го длаби каменот не со сила, туку со упорност. 

Успехот нема врска со она што го добиваме или го постигнуваме во животот за себе. Успех е она што го правиме за другите. 

Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го! 

Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега! 

Секогаш работи така како некој да те гледа. Треба да знаеш дека и ѕидовите слушаат и дека и лошите дела ќе се дознаат. 

Луѓето можеби се сомневаат во она што ќе го кажете, но веруваат во тоа што ќе го направите! 

Кога се обидувате да се одмаздите на некого, ископајте 2 гроба-ЕДЕН за вас! 

Храброста не е недостаток на стравот, туку способност да преземете нешто додека сте соочени со стравот! 

Немој да дозволиш поради мало недоразбирање да изгубиш големо пријателство! 

 Охридските плажи се волшебни!Може ли да не се сподели овој момент!?

                                                
Views: 1837 | Added by: Розе | Tags: лето, забава | Rating: 5.0/5
Total comments: 211 2 »
21  
Spain's champion !!! biggrin

20  
Италијанците немаа среќа biggrin Шпанците ја имаа yEAH biggrin :D

18  
biggrin biggrin smile smile

19  
Јас ќе навивам за Италија,па ќе видиме! smile

17  
Me too biggrin

16  
Сакам Шпанија да победи . biggrin

15  
Ќе видиме.НЕДЕЛА. smile

14  
Е то е, ама и Италија е јака зато ја победи . Сега да видиме со ке напрајт Шпанија . biggrin

13  
Меле ништо од твојата  Германија smile

12  
Италија

11  
Германија!!!

1-10 11-18
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Log In ]
Категории
Најново! [9]
Погледнете ги нашите најнови активности!
Log In
Пребарувај
Календар
«  June 2012  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
Статистика

Онлајн: 1
Гости: 1
Корисници: 0



Тоше Проески-незаборав