Ден на просветителите, 24 Мај - 18 June 2014 - Роземак
Thursday, 2016-12-08, 7:07 PM
Welcome Guest | RSS

Роземак

Home » 2014 » June » 18 » Ден на просветителите, 24 Мај
2:26 PM
Ден на просветителите, 24 Мај

                  

Кирил и Методиј

Кога ги слушаме нивните имиња, ние од срце се радуваме.Тие се најдраги личности за нас.Сега, на овој 24 Мај, ќе го прославиме нивното некогашно постоење. Почиваат мирно, а ние ги носиме во нашите срца.Кога книгата ќе ја допреме, кога пенкалото во рака ќе го фатиме, ќе се сетиме на нив, на оние кои не се меѓу нас, оние кои ја создале нашата азбука, оние кои ни помогнаа да се осознаеме.Илјадници срца за нив горат, илјадници души на нивното писмо се молат.Споменот на нивните имиња солзи носи, а од очи светлина зрачи.И кога од непријателите мака тргале, и кога душата своја ја давале, тие мислеле на идните генерации кои ќе се описменуваат со нивната азбука, азбука вечна, денешна.Кирил и Методиј се ангели на небото кои вечно ќе не` следат и заштитуваат.Нашето благодарам, на небото горе тие го слушаат и ја чувствуваат љубовта во нашите срца кон нив. На овој свечен ден, во нивна чест, ние им посакуваме мирно да почиваат и веруваат во нас.

      Амела Салоска VIII одд.

              

 

 

Кирил и Методиј

Кирил и Методиј

учители наши

гордо чекориме,

по патеките ваши



Нашите просветители

 писменост ни дадоа,

 азбуката наша

 први ја создадоа.



Чекориме гордо

во светот без предрасуди,

 споменувајќи ги имињата

 на нашите пријатели.



Кирил и Методиј

учители наши

гордо чекориме,

по патеките ваши.

 Аделиса Рамаданоска VIII одд.

                                                           

Сликите ни ги испрати Бошко Куциноски

Views: 373 | Added by: Розе | Rating: 5.0/3
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Log In ]
Категории
Најново! [9]
Погледнете ги нашите најнови активности!
Log In
Пребарувај
Календар
«  June 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Статистика

Онлајн: 1
Гости: 1
Корисници: 0



Тоше Проески-незаборав